Чипа: Пандемијата силно ги погоди албанските медиуми, над 40 новинари ги загубија работните места

Пандемијата од ковид -19 има  големо влијание врз стабилноста на медиумите во Албанија, вели Александар Чипа, претседател на Унијата на албанските новинари. Во интервју за Portalb.mk, Чипа потенцира дека медиумите претрпеле силен удар од пандемијата и финансиските ефекти ќе се чувствуваат уште повеќе во наредниот период од годината. Тој посочува дека над 40 новинари ги загубиле работните места, додека околу 40% од новинарите имале намалување на платите.

 

Пишува:  Дрен Гргури

 

Како КОВИД-19 го трансформира новинарството во Албанија?

 

Чипа: Енда таква транформација започна порано. Последната деценија беше време на брзо менување на практиките за известување на новинарите и комуникацијата со уредничките структури во целиот мултимедијален спектар. Но, периодот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19 донесе сосема нова ситуација.
Теренските новинари, користејќи експресни комуникациски алатки ја адаптираа практиката за известување со цел јавноста да биде побрзо информирана.
Социјалните мрежи се користеа како флексибилна и попрактична инфраструктура за новинарите, со што се избегнуваа традиционалните процеси на дистрибуција на вестите и уредничките процедури во редакциите. Како резултат на тоа се зголеми конкуренцијата на известување, се намножија медиумите и онлајн платформите во Албанија, чиј број достигна околу 800 портали и други различни платформи.

 

Од ваша гледна точка, дали институциите и компаниите објавуваат повеќе податоци на интернет отколку порано и дали забележавте разлика во квалитетот на податоците и информациите?

 

Чипа: Обемот на податоците за институциите и компаниите  кои кружат на интернет-просторот значително се зголеми. Но, со тоа не се зголеми и нивната транспарентност.  Институциите и компаниите не даваат конкретни и детални информации за трошоците, човечките ресурси, критериумите за вработување  и други административни аспекти. Па во таква ситуација е многу потешко да се лицира изворот на одговорност. Се зголеми пропагандата и не се создадоа услови за истражување на теми поврзани со финансиските активности на институциите и компаниите.

 

Каков е вашиот впечаток – дали довербата на јавноста во известувањето на медиумите е зголемена, намалена или остана непроменета за време на пандемискиот период?

 

Чипа: За време на пандемискиот период  се зголеми виртуелната публика и онаа на аудиовизуелните медиуми. Но, од друга страна, се зголеми и недовербата кон онлајн медиумите, бидејќи во Албанија повеќето од нив не се управуваат од професионални уредници и новинари. Тие се финансирани од лица и интересни групи кои имаат свои лични причини – најмалку четири,  за влегување со инвестиции во медиумскиот простор. Првата е да ги ги користат како алатка за реторика, втората – да ги нападнат противниците или ривалите во бизнисот, третата  – да се даде отворена партиска и политичка поддршка и четвртата – да обезбедат за себе неформални придобивки преку уцени, конфронтации, лажни вести итн. Злоупотребата на онлајн медиумите го зголеми хаосот на информации и го погоди кредибилитетот на медиумите и новинарите.

 

Како КOВИД-19 влијаеше врз стабилноста на медиумите и безбедноста на работата на новинарите во Албанија?

 

Чипа: Од пандемијата во Албанија засегнати се околу 12-13 проценти од вкупниот број на медиумски работници. Над 30-40 проценти од новинарите во текот на периодот март-јуни 2020 година претрпеа месечни кратења на платите и финансиските награди. Печатените медиуми престанаа да излегуваат еден месец, а нивните вработени беа  пуштени дома. Медиумската индустрија претрпе удар, а финансиските  ефекти ќе се почувствуваат многу повеќе во текот на следниот период од оваа година. Ваквата состојба и ефектите од пандемијата ќе предизвикаат намалување на новинарскитот кадар, уредничките структури, како и на техничкиот персонал. Од друга страна, секторот за маркетинг и управување со медиумите известува дека станува сè потешко да се почитуваат договорите со деловните компании и маркетинг субјекти.

 

Дали има медиуми кои биле затворени во овој период, дали се намалени платите на новинарите и има ли новинар кој ја изгубил работата?

 

Чипа: Има намалување на месечните плати на новинарите за 30 проценти. Некои онлајн и печатени медиуми, како и радио станици се затворија. Исто така, има и прекинати ТВ-емисии. Според статистиката на Унијата на албанските новинари, околу 47 новинари ги загубиле работните места за време на пандемијата.

 

Кои методи во борбата против дезинформациите се практикуваат во албанските медиуми?

Чипа: Пандемискиот период донесе нови предизвици и ризици за новинарите. Ги ажурираше старите етички предизвици, но исто така прикажа и нови. Практиката за ширење на дезинформации и предизвикување социјална паника и масовен страв, се сè почести деновиве. Озборувањата и лажните вести честопати беа објавувани и широко распространети во новите медиуми, за жал и во традиционалните, а не беа избегнати и теориите на заговор. Недостасуваше извинување и објавување на демантот.

Во  неколку случаи  се забележани  етички прекршоци при што не е направен напор да се зачува анонимноста на оние кои беа заразени со коронавирусот.

 

Кои се главните извори на дезинформации во Албанија?

 

Чипа: Главните извори на дезинформации во овој период беа социјалните мрежи, групите кои ги следат страниците на јавните личности и политичките лидери, како и други категории во сајбер-просторот. Не се исклучени и странски агенти, потоа пропагандните медиуми,  разни интернет страници, како и големата мрежа на анонимни профили.

Дали сега интензитетот на дезинформациите е ист како што беше пред да започне пандемијата и што мислите за видот на дезинформациите кои се шират во овој период?

 

Чипа: Мислам дека интензитетот на дезинформациите се зголеми за време на пандемискиот период. Станува збор за дезинформации од различна природа кои доаѓаат од пропагандните канали на политичките партии или лидери, од онлајн-медиумите финансирани од странски држави со намера да влијаат врз локалното јавно мислење, од интересни групи и субјекти од разни религиозни и економско-финансиски интереси, како и групи од конкурентни страни во најразлични области на влијание.

 

 

Какви закани за слободата на медиумите се појавија во текот на пандемијата

 

Чипа: За време на овој пандемиски период имаше некои заканувачки и загрозувачки акти. Организациите на новинари во Албанија скоро шест месеци преку силни реакции и протести  го оспоруваат таканаречиот „пакет против клевета“, којшто Владата го иницираше под изговор за намалување на  „етичкото загадување” во онлајн медиумите, како и електронските медиуми во целина. Овој правен пакет претставува голем ризик за слободата на изразување.

Во овој период имаше неколку казни за медиуми и новинари, под изговор за непочитување на социјалното дистанцирање во редакциите и телевизиските студија. Го споменуваме случајот за казни против ТВ Ора. Имаше и најмалку четири случаи на насилство и нарушување на физичкиот интегритет на новинарите кои се обиделе да известат од болнички и јавни здравствени установи за  случаи поврзани со коронавирусот.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција