Чиста шпекулација е дека Глигоров не бил во автомобилот кога беше извршен атентатот

Службениот автомобил во кој беше Глигоров за време на атентатот, 3.10.1995 Фото:Macedonian Academy of Sciences and Arts, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Никој досега официјално не потврдил дека Глигоров тој ден не бил во автомобилот или дека не бил воопшто во Скопје, како што тврди објавата. Тоа е чиста шпекулација. Факт е дека имаше неуспешен обид за убиство врз него, дека Глигоров беше тешко повреден во пределот на главата што беше видливо бидејќи над десното око имаше лузна од повредата и операцијата

Никој досега официјално не потврдил дека Глигоров тој ден не бил во автомобилот или дека не бил воопшто во Скопје, како што тврди објавата. Тоа е чиста шпекулација. Факт е дека имаше неуспешен обид за убиство врз него, дека Глигоров беше тешко повреден во пределот на главата што беше видливо, бидејќи над десното око имаше лузна од повредата и операцијата

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Старецот за да го прекрие атентатот мораше да ги уништи сведоците !

– Овие 5 сведоци знае дека тој ден Киро Глигоров не бил во Скопје.

– Затоа мораа да загинат !

Сите Вие кои го штите Киро Глигоров како Соти Костов, Џиков, Павле Трајанов, Гајдов сте соочесници во грозоморниот чин ; Убиство на Македонците во ВМРО ДПМНЕ од тој временски период !!

Објавата без никакви докази и аргументи тврди дека поранешниот претседател Киро Глигоров не бил во Скопје кога се случил атентатот врз него, односно дека тој не бил во автомобилот.

Ваквото тврдење нема никаква основа и е неточно.

Имено, атентатот, односно неуспешниот обид за убиство на претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, беше извршен на 3 октомври 1995 година.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата, што беше видливо. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Христо Христоманов, кој беше случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот бил извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, била активирана со далечински управувач кога автомобилот на претседателот минувал покрај неа. Од силината на експлозијата, „ситроенот“ бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу.

Истиот ден, во Клиничкиот центар беше извршена тешка операција на главата на Глигоров од страна на неврохирургот Јовица Угриновски. Потоа, Глигоров беше на боледување околу три месеци и повторно се појави во јавноста на 14 јануари 1996 година, на годишната средба со шефовите на странските дипломатски мисии во Македонија.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година.

Никој досега официјално не потврдил дека Глигоров тој ден не бил во автомобилот или дека не бил воопшто во Скопје, како што тврди објавата која ја анализираме. Тоа е чиста шпекулација.

Факт е дека имаше неуспешен обид за убиство врз него, дека Глигоров беше тешко повреден во пределот на главата што беше видливо, бидејќи над десното око имаше лузна од повредата и операцијата.

Поради сето погоре, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција