Членовите на Аполо 11 беа на Месечината на 16 јули 1969 година

Фото: AartlistDesignPixabay

Спротивно на наводите во објавата, „Аполо 11“ во јули 1969 година ги спуштил првите луѓе на Месечината и безбедно ги вратил на Земјата. Како што објави Гардијан во 2019 година, биле потребни 400 илјади вработени во НАСА и изведувачи за Нил Армстронг и Баз Алдрин да слетаат на Месечината, но за да се рашири идејата дека сето тоа е лага, бил доволен само еден човек, а тоа е Бил Кејсинг. Тој во 1976 година, тој сам објавил памфлет со наслов: „Ние никогаш не отидовме на месечината: измама од триесет милијарди долари на Америка“, што промовирал невистинити теории небазирани на докази

Спротивно на наводите во објавата, „Аполо 11“ во јули 1969 година ги спуштил првите луѓе на Месечината и безбедно ги вратил на Земјата. Како што објави Гардијан во 2019 година, биле потребни 400 илјади вработени во НАСА и изведувачи за Нил Армстронг и Баз Алдрин да слетаат на Месечината, но за да се рашири идејата дека сето тоа е лага, бил доволен само еден човек, а тоа е Бил Кејсинг. Тој во 1976 година, тој сам објавил памфлет со наслов: „Ние никогаш не отидовме на месечината: измама од триесет милијарди долари на Америка“, што промовирал невистинити теории небазирани на докази

 

 

Објава на Фејсбук алудира на тоа дека членовите на мисијата „Аполо 11“ кои во 1969 година беа на Месечината, всушност не го направиле тоа, туку се снимале во филмско студио.

Дечките беа на месечина или месечината им дојде во филмското студио?, стои во објавата.

Објавата споделува и фотографија од членовите на мисијата „Аполо 11“ која, според Би-би-си, е направена на 13 април 1969 година. На неа, од лево кон десно, покрај моделот на Месечината, позираат Алдрин, Колинс и Армстронг, мапирајќи ги сите поголеми кратери и планини на Месечината познати до денес.

Не е точно дека во 1969 година НАСА не стигнала до Месечината, како што се обидува да прикаже објавата што ја анализираме. Мисијата се викала „Аполо 11“ и нејзината главна цел била да комплетира национална цел, поставена од претседателот на САД Џон Ф. Кенеди на 25 мај 1961 година, односно да изведе слетување на Месечината и да се врати на Земјата. Иако претседателот Кенеди не доживеал да го види историскиот настан, нацијата ја исполнила својата цел во јули 1969 година кога „Аполо 11“ ги спуштил првите луѓе на Месечината и безбедно ги вратил на Земјата.

„Аполо 11“, на 16 јули 1969 година, тргнал од Кејп Кенеди предводена од командирот Нил Армстронг, пилотот Мајкл Колинс и пилотот Едвин Алдрин. Околу 650 милиони луѓе го гледале Армстронг на телевизија како го опишува настанот како „мал чекор за човекот, а голем чекор за човештвото на 20 јули 1969“. Кога ракетата била испратена во вселената, тоа станало светски настан. Ричард Никсон, кој тогаш бил претседател, го гледал настанот од Белата куќа додека ракетата се кревала.

Армстронг и Алдрин поминале 21 час и 36 минути на површината на Месечината.

Како што објави Гардијан во 2019 година, биле потребни 400 илјади вработени во НАСА и изведувачи за Нил Армстронг и Баз Алдрин да слетаат на Месечината во 1969 година, но за да се рашири идејата дека сето тоа е лага, бил доволен само еден човек, а тоа е Бил Кејсинг. Кејсинг бил вработен меѓу 1956 и 1963 година во фирмата Рокетдајн, којашто помогнала да се изработат моторите на ракетата Сатурн 5. Во 1976 година, тој сам објавил памфлет со наслов: „Ние никогаш не отидовме на месечината: измама од триесет милијарди долари на Америка“, што промовирал невистинити теории небазирани на докази.

И покрај огромниот број физички докази, вклучително и 382 килограми камења собрани од Месечината во текот на шест мисии, сепак сè уште има луѓе кои веруваат дека мисиите на Месечината никогаш не се оствариле туку дека станува збор за голема измама, пишува Гардијан.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата која ја анализираме е манипулативна, односно ѝ недостига контекст. Вака поставеното прашање креира непотребни сомневања дека човекот никогаш не отишол на Месечината. Манипулацијата се прави обид да се прикрие преку прашање, но таа бездруго има капацитет да креира сомневања кај некои корисници на социјалната мрежа, иако има серија докази и многу лица, кои сè уште се живи, а кои цела деценија работеле на овој потфат.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција