Во објавата се прави обид да се претстават ЦИА и САД дека имаат моќ да поставуваат и да менува влади, како во Македонија така и во Украина. Исто така, се обвинуваат САД дека успеале да им ги креираат и предизборните реторики на победниците. Ова е заговорничка теорија, непоткрепена со никакви факти. ЦИА и САД немаат врска со ветувањата на претседателските и парламентарните кандидати и колку од ветеното во нивните изборни програми исполниле или не исполниле
Во објавата се прави обид да се претстават ЦИА и САД дека имаат моќ да поставуваат и да менува влади, како во Македонија, така и во Украина. Исто така, се обвинуваат САД дека успеале да им ги креираат и предизборните реторики на победниците. Ова е заговорничка теорија, непоткрепена со никакви факти. ЦИА и САД немаат врска со ветувањата на претседателските и парламентарните кандидати во Украина и колку од ветеното во нивните изборни програми исполниле или не исполниле
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Зеленски во 2018-та, советуван од своите ЦИА ментори добива избори на ветување „Чим победам за 2 недели ке се договорам со Русија и ке ја запрам војната”… Циле Тупурковски носеше „миљарда”, Бранко Црвенковски викаше „нема коалиција со терористи и по еден вработен” а Зајко викаше „И името и НАТО” … Тоа е „стандардна практика” кога ЦИА инсталира режим, да им се дозволи на бројлерите да обеќаат „сладуњави обеќања кои на УСА не и се допаѓаат” во договор со УСА… Ја незнам што не ви е јасно , дека америчка амбасада и советници од таму му го имаат „креирано предизборниот наратив на Мице” за да можат да извршат ротација „Мурто – Курто” …Ист случај ко Зеленски …
Точно е дека една од главните заложби на Зеленски во кампањата за да стане претседател беше да стави крај на војната меѓу Русија и Украина. По неговата победа на изборите во Украина, тој и Путин се сретнаа во Франција за првпат на 9 декември 2019 година, после што во заедничка изјава рекоа дека „сите страни ќе се посветат на целосна и разбирлива имплементација на прекинување на огнот во Украина до крајот на годината“. Путин по таа средба изјави дека е задоволен од неа. Но, не е точно дека „ЦИА го инсталирала Зеленски“, кој во објавата се поистоветува со „режим“. На таков начин се сака да се поткопа и да се потцени демократскиот капацитет на Украина и, исто како што импутира руската пропаганда, таа да се претстави како „марионета во рацете на Западот“, во конкретниот случај, ЦИА. На средбата меѓу Зеленски и Путин во декември 2019 година ѝ претходеше размена на затвореници, што, всушност, ја отвори можноста за нивната средба во Париз.
Зеленски и Путин се сретнаа лице в лице за првпат во декември, во Париз. Двајцата лидери разговараа за начините на кои потенцијално може да ја завршат војната, но нивните позиции остануваат далечни, пишува Радио Слободна Европа во текст од 25 април 2020 година.
Навистина, Зеленски повикуваше на крај на војната, но Русија доведе 110 илјади војници на границата со Украина и во Крим и тоа ги алармираше властите на Украина дека е можно да се спрема напад.
Инаку, во објавата се прави обид да се претстават ЦИА и САД дека имаат моќ да поставуваат и менуваат влади, како во Македонија, така и во Украина, но и се обвинува САД дека успеале да им ги креираат и предизборните реторики на победниците. Ова е теорија на заговор непоткрепена со никакви факти. На пример делот дека „американската амбасада и советниците од таму му го имаат креирано предизборниот наратив на Мице за да можат да извршат ротација ‘Мурто – Курто’ “, односно за да се случи промена на власта, коалицијата СДСМ-ДУИ со коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Вреди. Меѓутоа, амбасадата на САД и нејзините советници се занимаваат со американските прашања на американските државјани, а не со внатрешните изборни прашања на С.Македонија. Тие ниту креираат предизборни кампањи, ниту наративи, ниту пак, неостварените предизборни ветувања на кој било политички кандидат „докажуваат“ дека се намонтирани од САД. Во објавата што ја рецензираме се прави токму тоа – обид секое нереализирано ветување или предизборна реторика, да се препише на таканаречени советници од американската амбасада, што е неаргументирано.
Откако го присвои Крим во 2014 година, Кремљ оркестрираше војна против украинската влада и тоа преку руски сепаратисти, со поддршка на војници од Руската армија. Тогаш украинската војска претрпе тешки загуби, во 2015 додека не се постигна мировен договор со Москва. Таканаречениот договор Минск 2, никогаш не беше имплементиран, а двете страни не можеа да се согласат за неговото значење и нивните обврски.
Изборите во С. Македонија оваа година беа оценети како демократски и одраз на волјата на гласачите. Меѓународни и домашни набљудувачи го следеа изборниот процес. На изборите, на кои победи претаедателот Володимир Зеленски, тој во вториот круг доби над 73 отсто од гласовите, односно над 13,5 милиони гласови, наспроти неговиот противкандидат, дотогашниот претседател на Украина, Петро Порошенко, кој доби само 24,5 отсто од гласовите, односно нешто на 4,5 милион игласови. Разликата во бројот на гласовите е толку голема што таков резултат никој не може да го смени или фалсификува и тоа особено ако се знае дека ОБСЕ ги прогласи изборите за легитимни.
Така, Владата која е формирана е формирана како резултат на процес, кој е демократски, исто како во Украина. Еден од наративите на Кремљ е да се претстави Украина како марионета во рацете на Западот, на тој начин намалувајќи ја и минимизирајќи ја слободната волја на гласачите во Украина кои решиле да го поддржат Зеленски за свој претседател. Исто како и гласачите во С. Македонија кои одбрале своја политичка опција на изборите.
ЦИА не инсталирала никаков режим ниту во С. Македонија, ниту во Украина. Таа нема врска со ветувањата на претседателските и парламентарните кандидати и колку од ветеното во нивните изборни програми исполниле или не исполниле.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар