Цитат за изборите во САД во 1960 година лажно му се припишува на Фидел Кастро
Нема документирани интервјуа, оригинални записи или историски извори каде што Фидел Кастро зборува за: „Една ционистичка партија со две крила“ или „Не можете да споредите две чевли што ги носи истата личност“.
Нема документирани интервјуа, оригинални записи или историски извори каде што Фидел Кастро зборува за: „Една ционистичка партија со две крила“ или „Не можете да споредите две чевли што ги носи истата личност“. Такво нешто не може да се најде во реномирани историски записи или архивски документи и веројатно се работи за погрешна или измислена изјава на Кастро, што често се шири преку социјални мрежи и неверификувани веб-страници
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Покојниот кубански претседател Фидел Кастро беше прашан за изборите во САД во 1960 година, кого претпочита, Никсон или Кенеди. Тој даде убедлив и брилијантен одговор, велејќи: „Не можете да споредувате две чевли што ги носи истата личност. Америка е управувана само од една партија, ционистичката партија, која има две крила:
- Републиканското крило ја претставува тврдата ционистичка моќ.
- Демократското крило ја претставува ционистичката мека моќ.
Нема разлика во целите и стратегиите, но што се однесува до методите, секој претседател има простор за маневрирање.“
Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, често бил критичен кон американската надворешна политика и кон двете големи партии во САД – Републиканската и Демократската – но познатите цитати што му се припишуваат обично се вербални напади на империјализмот или капитализмот.
На Интернет често се шират погрешни или извадени од контекст цитати, особено за историски личности со голема идеолошка тежина, како што е Кастро.
Нашата проверка покажа дека нема веродостојни историски докази или веродостојни извори дека Фидел Кастро навистина дал ваква изјава за изборите во САД во 1960 година, како што тврди објавата која ја анализираме. Имено, не најдовме докази дека Кастро изјавил: „Не можете да споредувате две чевли што ги носи истата личност“ или дека „Америка е управувана од една ционистичка партија со две крила“. Ниту една проверлива историска или академска публикација, документ или позната биографија на Кастро не цитира таква изјава.
Во интернет просторот кружат многу непотврдени објави на социјални мрежи, групи и страници што го повторуваат овој цитат, но тие не прикажуваат оригинален извор, интервју, говор или архивски материјал од самиот Кастро. Дел од тие објави кружат на социјалните мрежи, но немаат поддршка од авторитетни историски извори.
Фидел Кастро навистина имал изјави со кои ги критикувал САД како функционираат како демократски систем и улогата на моќни интереси во американската политика. На пример, му се припишува изјава од 1997 година каде вели:
Немате демократија. Повеќето Американци сакаат добри односи со Куба, но неколку илјади десничари од кубанско-американската заедница ја контролираат политиката на САД и прават сè лошо меѓу нас.
Оваа реченица ја одразува неговата критика кон моќниот политички и лоби интерес што влијае врз политиките на САД, но не ја користи метафората „две чевли што ги носи иста личност“ или концептот „ционистичка партија со две крила“.
Иако не коментирал за изборот меѓу Ричард Никсон и Џон Кенеди, Кастро јавно критикувал и дел од американските политички процеси и состојби. На пример, во 2012 година во еден напис тој го опишал републиканскиот изборен процес како „најголемо натпреварување на идиотизам и невидено неразбирање што светот го видел“, укажувајќи на негово негодување кон дебатата меѓу кандидатите.
Во некои негови говори и цитати се појавува и темата за капитализмот и американскиот општествен систем:
Мојата идеја… е дека капиталистичкиот систем сега не работи ниту за Соединетите Американски Држави ниту за светот, терајќи ги од криза во криза…
Некои подоцнежни изјави (на пример од 2008) покажуваат дека Кастро навистина коментирал и за американските избори, но никаде не кажува дека се работи за „две крила на истата партија“. Кастро во 2008 изјавил дека Обама е „поинтелигентен“ од Меккејн и зборувал за расизмот во САД.
Нема документирани интервјуа, оригинални записи или историски извори каде што Фидел Кастро зборува за: „Една ционистичка партија со две крила“ или „Не можете да споредите две чевли што ги носи истата личност“. Такво нешто не може да се најде во реномирани историски записи или архивски документи и веројатно станува збор за погрешна или измислена изјава на Кастро, што често се шири преку социјални мрежи и неверификувани веб-страници.
Постојат реални изјави на Кастро во кои тој го критикува американскиот политички систем – особено доминацијата на влијателни групи во политиката и недостигот на вистинска демократија – но нема историски доказ дека тој ја дал конкретно таа метафорична изјава за „ционистичката партија“ во 1960 година.
Поради сето ова можеме да оцениме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар