Цитатот од мексиканскиот политичар Гарсија е неточно пренесен
„Вистиномер“ во целиот говор на Гарсија не пронајде цитат од Гарсија како тој што го има во објавата што ја рецензираме. Тој не изјавил „не ви е непријатно да го гледате народот кој го соголевте до гола кожа за да можете вие и вашите семејства да живеете во луксуз на грбот на голиот народ“.
„Вистиномер“ во целиот говор на Гарсија не пронајде цитат од Гарсија како тој што го има во објавата што ја рецензираме. Тој не изјавил „не ви е непријатно да го гледате народот кој го соголевте до гола кожа за да можете вие и вашите семејства да живеете во луксуз на грбот на голиот народ“
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат фотографии од човек на говорница во долна облека и пишува:
Месиканскиот народен пратеник Антонио Гарсија на 11-ти декмври 2013 во Мексиканскиот парламент одржа говор полугол поради продажбата на државната енергетска компанија која после 75 години сопственост на државата, беше продадена на енергетски тајкуни. Одржа говор против тогашниот претседател Енрике Пења Нието кој ја одобри продажбата а остана запаметен по следната реченица: „Непријатно ви е да ме гледате гол, а не ви е непријатно да го гледате народот кој го соголевте до гола кожа за да можете вие и вашите семејства да живеете во луксуз на грбот на голиот народ?!”
На фотографиите е прикажан човек во долна облека. Самите фотографии се од 2013 година, за време на гласање за реформи во нафтениот сектор, а на нив е мексиканскиот политичар Антонио Гарсија, кој ја отстранил облеката во Собранието во знак на отфрлање на контроверзната легислатива која го отвори државниот нафтен сектор за странски инвестиции.
Во целосниот говор на Гарсија, неговото образложение за соблекувањето цитирано буквално од збор до збор гласи:
Поради оваа причина другари, исто така како што ја соголевте нацијата со приватизацијата на „Телефонос де Мексико“ (телекомуникацискиот провајдер во државна сопственост), ова е начинот на кој ја соголувате нацијата. Не ми е срам, поради тоа што го направивте, го одзедовте и го приватизиравте „Телефонос де Мексико“ и каде е користа од тоа?, вели тој во својот говор и откако се соблекува само по долна облека и додава дека само уште крстот околу вратот нема да успеат да го одземат од него.
Ветија дека со приватизацијата на „Телефонос де Мексико“ ќе имаме подобри тарифи. Каде се? Мексико ги плаќа најскапите тарифи на светот. Затоа барам да се сопре приватизацијата зашто ќе предизвика сериозна штета за нацијата, продолжува во својот говор пратеникот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар