Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Фото: Принтскрин ФБ пост

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле уништени во пожарите. Доколку навистина се случило чудо за какво што зборува објавата, веројатно тоа ќе било спомнато во текстот. Дополнително ја анализиравме сликата за содржината генерирана од вештачка интелигенција користејќи Hive Moderation и алатката потврди дека најверојатно е создадена од ВИ

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле уништени во пожарите. Доколку навистина се случило чудо за какво што зборува објавата, веројатно тоа ќе било спомнато во текстот. Дополнително ја анализиравме сликата за содржината генерирана од вештачка интелигенција користејќи Hive Moderation и алатката потврди дека најверојатно е создадена од ВИ

 

Анализираме објава на Фејсбук која наведува:

Православната црква во Калифорнија, каде пожарите беснеат со денови, стои како бастион на љубовта, верата и надежта. Слава Ти Боже!

Објавата споделува фотографија од наводно православната црква за која тврди дека ги преживеала страшните пожари кои го зафатија Лос Анџелес, а како последица на кои загинаа десетици луѓе и уништени беа бројни куќи.

Фотографијата споделена во објавата што ја анализираме е доста вирална на социјалните мрежи.

Но, Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. Дополнително ја анализиравме сликата за содржината генерирана од вештачка интелигенција, користејќи Hive Moderation и алатката потврди дека најверојатно е создадена од ВИ.

Друго што фрла сомнеж врз информацијата содржана во објавата е што нема податок за која православна црква станува збор. На подрачјето на Калифорнија има повеќе православни цркви, но од оние што успеавме да ги најдеме, ниту една не потсетува на црквата од фотографијата што ја анализираме.

На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле уништени во пожарите. Доколку навистина се случило чудо за какво што зборува нашата објава, веројатно тоа ќе било спомнато во текстот.

Пожарите во Лос Анџелес се многу актуелна тема во светските медиуми кои известуваат и за тоа дека во областите зафатени од страшните пламени јазици, има и по некоја градба, којашто го „преживеала“ пожарот. Таков пример може да се види на страницата на медиумот „Асошиејтед прес“ кој низ фотографии и сопствена фото-галерија ги прикажува ваквите градби. На поголемиот дел од овие фотографии сите градби во околината се пеплосани, додека по некоја го „преживеала“ пеколот од пламените јазици. Меѓу овие фотографии, ја нема фотографијата од црквата.

И проверувачите на факти на Њузчекер заклучиле дека фотографијата е дело на вештачка интелигенција.

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата е невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција