Црквата во Лерин не била срушена затоа што имала македонски натписи

Фото: Принтскрин видео

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео и ги измамува читателите дека се руши  црква во Грција, затоа што во неа имало македонски натписи. Вистинската причина за уривањето на црквата не е никако поврзана со Македонија, ниту со кириличното писмо. Станува збор за црквата Агиос Георгиос во селото Ахклада во Лерин која била  деосветена, па срушена на 4 септември оваа година, ама  рушењето се случило поради рударски активности, а не затоа што имало натписи на македонски јазик

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео и ги измамува читателите дека се руши  црква во Грција, затоа што во неа имало македонски натписи. Вистинската причина за уривањето на црквата не е никако поврзана со македонскиот јазик, ниту со кириличното писмо. Станува збор за црквата Агиос Георгиос во селото Ахклада во Лерин која била деосветена, па срушена на 4 септември оваа година, ама  рушењето се случило поради рударски активности, а не затоа што имало натписи на македонски јазик

 

Во видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук кое прикажува рушење на црква, се тврди дека таа се руши затоа што има македонски натписи. Ова не е вистина.

#ЛеЛе Грците рушат православна црква во леринско оти има Македонски натписи

Кога ќе се пушти видеото се гледа како багер е присутен на некоја локација и руши некаков објект. Видеото е снимено од страна и освен звуците од рушењето на објектот не може да се слушне ништо друго. Но, на видеото е додаден текст на македонски јазик којшто вели:

Грците рушат православна црква во леринско оти има Македонско старо кирилично писмо.

Ова тврдење е само така додадено на видеото без никаков доказ. Гледачот кога ќе го погледне видеото не може навистина да дојде до тој заклучок затоа што тоа никаде не е видливо на видеото. Не се гледаат никакви натписи на македонски јазик напишани на старо кирилично писмо. Нема никакви докази кои можат да потврдат дека она што се тврди на видеото е вистина.

Пребарувањето на видеото на интернет не доведува до сосема друга ситуација.Тврдењето дека овој објект е црква којашто се руши само затоа што на неа има македонски натписи на старо кирично писмо е целосна невистина.

Објектот е навистина црква и таа навистина се рушела со багер, но причината за рушењето не е затоа што црквата имала натписи со кирилично писмо.

Грчкиот медиум Ptolemeos, на својата веб-страница има објавено напис за рушењето токму на оваа црква. Станува збор за црквата Агиос Георгиос во селото Ахклада во Лерин која била срушена на 4 септември оваа година. Според грчкиот медиум, рушењето се случило поради рударски активности, а не затоа што имало натписи на македонски јазик, како што тврди објавата. Храмот бил деосветен а потоа урнат.

Срушена е светата црква Агиос Георгиос во Ахлада Лерин, во област каде се прошируваат рударските активности. Светиот храм се наоѓа на местото на рудниците Ахлада, кои веќе се проширија и како последица на оваа активност светиот храм беше урнат, пишува во медиумската објава.

Претходно, на 19 февруари 2024 година светата црква Агиос Георгиос била деосветена во присуство на митрополитот Флорис, за да се земат моштите од Светиот олтар, сè со цел да се подигне нова света црква на поширокото подрачје.

Најдолу во текстот е прикачено видео, идентично со она кое што е споделено на Фејсбук објавата што ја рецензираме.

Оваа објава ја оценуваме како невистинита затоа што црквата во Леринско не била срушена затоа што во неа имало македонски натписи на старо кирилично писмо, туку поради проширување на рударски активности.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција