Cтара фотографија од момче кое седи во урнатините се споделува како да е од земјотресот во Турција

Фото:Принтскрин ФБ пост

Фотографијата која се споделува во овој пост на Фејсбук како да е од земјотресот во Турција, нема врска со овој трагичен настан. Таа е стара најмалку три години, односно може да се најде во написи уште од ноември 2019 година. Фотографијата најверојатно потекнува од Шутерсток, платформа за продажба на фотографии и секој може да ја купи за одредени потреби

Фотографијата која се споделува во оваа објава на Фејсбук како да е од земјотресот во Турција нема никаква врска со овој трагичен настан. Таа е стара најмалку три години, што значи дека може да се најде во написите од ноември 2019 година. Фотографијата е дојдена од Adobe Stock, a нејзиниот фотограф (односно сопственик) ја нуди и на други платформи за продажба на фотографии (како Shutterstock) и секој може да ја купи за специфични потреби

 

Објава на Фејсбук споделува фотографија од дете кое седи во урнатините, тврдејќи дека тоа е фотографија од разорниот земјотрес што ја погоди Турција во понеделникот (6 јануари 2023 година). Од нашата проверка се покажа дека не е фотографија од Турција.

Фотографијата во објавата нема никаква врска со земјотресот во Турција, објавена е во написи и на социјалните мрежи уште пред да се случи трагедијата. Така, на пример, се користи како илустрација во текст за помош на настраданите од земјотресот во Албанија на 26.11.2019 година.

Фотографијата од детето кое седи во урнатините може да се најде и на Фејсбук во објава за војната во Украина од 02.03.2022 година.

Фотографијата како опис ја најдовме во текст за траумите и малтретирањето на децата објавен на 16.12.2022.

Исто така, проверката на автентичноста на фотографијата преку Google покажува дека таа доаѓа од Adobe Stock, платформа која нуди фотографии на продажба. Како што може да се види и од жигот на долната фотографија, нејзиниот автор и сопственик Konstiantyn Zapylaie ја нуди на различни платформи за посредување и продажба на фотографии. Дека станува збор за илустративна, а не фотографија од лице место покажува и фактот што на истата страница се нудат и други, слични фотографии со истиот детски модел.

Од сето ова може да се заклучи дека фотографијата споделена во објавата што ја рецензираме, како да е од земјотресот во Турција, нема никаква врска со овој трагичен настан. Стара е најмалку три години, што значи дека може да се најде во написите од ноември 2019 година. Фотографијата е од платформите за посредување и продажба на фотографии и секој може да ја купи за специфични потреби.

Заради сето ова, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција