Д-р Беќаровски злоупотребен во видео за препарат за слабеење

Самиот Беќаровски на својот Фејсбук профил демантираше дека промовирал и рекламирал некаков лек за слабеење

Самиот Беќаровски на својот Фејсбук профил демантираше дека промовирал и рекламирал некаков лек за слабеење. Со обратно пребарување на видеото, најдовме дека станува збор за гостување на д-р Беќаровски на Сител телевизија. Видеото е земено од емисијата Добриот доктор, објавена на Јутјуб на 26 март 2025 година. Самиот Беќаровски на својот Фејсбук профил демантираше дека промовирал и рекламирал некаков лек за слабеење

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Масната буквално се топи за неколку денови, а методот е 100% природен.

Објавата споделува и видео во кое наводно токсикологот Нико Беќаровски зборува за чудотворен лек за слабеење за кој добил Нобелова награда. Според рекламата од лекот се слабее за седум дена без диета. Објавата споделува и линк до надворешна веб-страница на која може да се види целосното наводно интервју со Беќаровски.

Со обратно пребарување на видеото, најдовме дека станува збор за гостување на д-р Беќаровски на Сител телевизија. Видеото е земено од емисијата Добриот доктор, објвена на Јутјуб на 26 март 2025 година. Во емисијата, д-р Беќаровски говори за повредените во пожарот во „Пулс“ во Кочани.

Дека се работи за невистинита објава креирана со вештачка интелигенција покажуваат и вообичаените грешки што вештачката интелигенција ги прави во изговорот на зборовите, како и во транскрипцијата во која може да се забелeжат многу правописни и печатни грешки.

Измамничкото видео е споделено на Фејсбук страница која има само 58 следбеници и ниту една објава.

Не е точно дека Беќаровски промовирал и рекламирал некаков лек за слабеење. Тоа го демантираше и самиот лекар на својот Фејсбук профил.

Видеово е лажно, иако добро ме копирале. Уште еден повод МВР одделот за саjбер криминал да интервенира, напиша Беќаровски.

Поради сето ова, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција