Д-р Драган Даниловски и Сузана Спасовска не промовираат „препарат од лимон за враќање на младоста“
Во видеото креирано со вештачка интелигенција има и сосема фабрикувана невистинита изјава на професор доктор Драган Даниловски, кој за „Вистиномер“ потврди дека ова видео не е вистинито и дека неговиот идентитет е злоупотребен за цели на манипулативен маркетинг. Пејачката Сузана Спасовска никогаш не промовирала „волшебен“ препарат на база на лимон што ги брише годините преку ноќ
Во видеото креирано со вештачка интелигенција има и сосема фабрикувана невистинита изјава на професор доктор Драган Даниловски, кој за „Вистиномер“ потврди дека ова видео не е вистинито и дека неговиот идентитет е злоупотребен за цели на манипулативен маркетинг. Пејачката Сузана Спасовска никогаш не промовирала „волшебен“ препарат на база на лимон што ги брише годините преку ноќ
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
60-годишната Сузана Спасовска го откри тајниот рецепт за младост: семката од лимон ги брише годините преку ноќ! Запишете го овој едноставен природен рецепт.
Во склоп на објавата се споделува видеоматеријал креиран со помош на вештачка интелигенција во кој се злоупотребени идентитетите на професор доктор Драган Даниловски и на пејачката Сузана Спасовска.
Во видеото се изнесени тврдења дека телото се подмладува со спиење и се презентира невистинито сценарио кое ѝ се припишува на пејачката Сузана Спасовска. Важно е да се напомене дека таа никогаш не промовирала препарат на база на лимон со неверодостојните описи на неговите наводни перформанси. Во видеото кое е креирано со вештачка интелигенција идентитетот на Спасовска е злоупотребен и нејзиниот лик преработен со алатки за вештачка интелигенција. Потоа врз таквото видео се намонтирани невистинити реченици кои Спасовска не ги изговорила – дека благодарение на препаратот на база на лимон повеќе не живее во тело кое секој ден ја предава, дека нема болки во грбот и колената.
Поминав низ пекол, масти, инјекции, диети, таблети, физиотерапија, термални бањи, игли, додатоци, 132 посети кај лекари, сите ветуваа чудо и сите ми се смееја. Сè се смени на 22 јуни 2025 година. Кога се враќав после работа, во сообраќај со отечени нозе, скршена, заборавена, стара. Налетав на видео на доктор Драган Данаилоски. Тој зборуваше за древен македонски рецепт со лимонова кора кој го менува телото за 24 часа. Тоа ми го промени животот. Слушнете што вели тој, гласи невистинитото сценарио коешто ѝ се припишува на Спасовска.
Во склоп на видеото креирано со вештачка интелигенција има и сосема фабрикувана невистинита изјава на професор доктор Драган Даниловски, кој за „Вистиномер“ потврди дека ова видео не е вистинито и дека неговиот идентитет е злоупотребен за цели на манипулативен маркетинг.
Следствено не е точно наведеното во објавата дека „во 2024 година во архивите на македонското медицинско друштво биле откриени записи од личниот лекар на тогашниот премиер Крсте Црвенковски доктор Александар Станковски“.
Од 1967 година тој го користел методот со лемонови семки за подмладување на зглобовите и продолжување на младоста на политичката елита. Направивме истражување на македонскиот универзитет и резултаите беа шокантни. Овој едноставен рецепт може да ја замени пластичната хирургија, ортопедијата и скапите лекови, се наведува во невистинитата изјава во која е злоупотребен идентитетот на доктор Даниловски.
Македонски политичари во поранешна Југославија, Крсте Црвенковски којшто се спомнува во монтираниот видеоматеријал, никогаш не бил премиер. Во видеото се направени и грешки во презимето на лекарот, па наместо Даниловски тој е наведен како „Данаилоски“, но неговиот лик несомнено е видоизменет со цел тој да изгледа помладо и сето тоа да се вклопи во целото лажно сценарио за „препаратот“. Оставен е и друг линк кој води кон уште едно видео генерирано со вештачка интелигенција. И во него е злоупотребен идентитетот на доктор Даниловски.
Со маркетинг тактики за предизвикување притисок врз потрошувачите, на овој линк пишува дека „останале само 14 кутии од препаратот“ и дека тој се плаќа кога ќе ви биде испорачан. Меѓутоа, граѓаните треба да бидат претпазливи и не навлегувајќи во квалитетот или неквалитетот на таков препарат, она што е факт е дека истиот се промовира со невистинит маркетинг и со злоупотреба на лекар и на пејачка кои немаат врска со производот.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар