Д-р Жан Митрев не рекламира препарат за подобро варење на храната

Фото: Принтскрин видео ФБ

Станува збор за видео кое е изменето (altered content) во делот на синхронизацијата, со цел да се добие лажна претстава дека реномиран лекар препорачува некаков препарат за подобра дигестија. Меѓутоа, доктор Жан Митрев не е специјалист за дигестивен систем, туку кардиохирург и не препорачува никаков препарат за подобро варење на храната

Станува збор за видео кое е изменето (altered content) во делот на синхронизацијата, со цел да се добие лажна претстава дека реномиран лекар препорачува некаков препарат за подобра дигестија. Меѓутоа, доктор Жан Митрев не е специјалист за дигестивен систем, туку кардиохирург и не препорачува никаков препарат за подобро варење на храната

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува видео од познатиот македонски кардиолог д-р Жан Митрев во кое тој наводно рекламира препарат што ќе ја обнови работата на дигестијата.

 99% луѓе дури и не подозираат дека нивниот цревен систем е бомба со одложено дејство.

Секој ден се акумулираат токсини и отпадни материи, милиони бактерии се размножуваат , а нивните отпадоци го трујат организмот . Ако ништо не се преземе, тоа може да доведе до надуеност , запек , чирови , полипи и дури рак.

Но, постои метод кој за само 7 дена целосно ќе го исчисти ГИТ, ќе ја обнови работата на дигестијата и ќе ти го врати чувството на леснотија и енергија, стои во објавата.

Во видеото се слуша како д-р Жан Митрев со чуден акцент, кој вели:

Нов производ за варенџе. Тој засекогаш ќе ве ослободи од проблеми со цревата. Како експерт со 20-годишно искуство, гарантирам дека овој производ ќе ви го промени животот. Резултатите се забележливи веќе по три дена, а по 14 дена проблемите ќе бидат решени. Овој производ веќе им помогна на повеќе од 9-10 илјади луџе целосно да се ослободат од проблемите со варенџето.

Во говорот на доктор Митрев, може да се забележи силен бугарски акцент, што индицира дека видеото е изработено во оваа соседна држава. Додека акцентот во македонскиот јазик речиси секогаш паѓа на третиот слог одзади, бугарскиот јазик има комплексен акцентен систем и зборовите се акцентираат на различни начини, при што понекогаш акцентот паѓа и на два или три слога во ист збор, што се забележува и во видеото. Но, на д-р Митрев бугарскиот јазик не му е мајчин и нема причина тој да зборува со таков акцент. Настрана фактот што ни гласот во видеото не е негов.

Кога подобро ќе се разгледа видеоматеријалот во деловите каде зборува докторот, може да се забележи дека и неговиот говор е додаван, односно дека се залепени зборови и намонтиран е тон за лажно да се создаде слика дека тој, всушност, e оној кој говори во видеото.

Дополнително, доктор Жан Митрев не е специјалист за дигестивен систем, туку кардиохирург и не препорачува никаков препарат за подобро варење на храната.

Од авион се гледа дека видеото е монтирано, за да изгледа како Митрев навистина да зборува и да рекламира некаков дигестивен производ.

Неговиот глас е сосема различен од оној во изменетото видео. Оригиналното видео од д-р Митрев е земено е од реклама за неговата клиника која била објавена на Фејсбук во 2019 година. Во оваа реклама, докторот зборува за тоа дека пациентите треба да создадат навика да вршат прегледи.

Вистиномер и претходно пишуваше дека д-р Жан Митрев не измислил лек за подобрување на видот.

Во конкретниот случај тогаш, стануваше збор за објави во кои невистинито се тврдеше дека доктор Митрев „измислил лек О капс, го препорачувал и видот се подобрувал од него“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како изменета содржина (altered content) со цел да се изврши измама за продажба на препарати преку злоупотреба на ликовите на познати личности.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција