Наспроти тврдењето во објавата, на Запад не владеат диктатура, едноумие и фашизам, туку има демократија, како еден од основните принципи на владеење во земјите од ЕУ. Демократијата во Европа, и внатре и надвор од 27-те земји-членки на ЕУ, е под силно влијание на законодавните и незаконодавните иницијативи на ЕУ, од кои многу се насочени кон одбрана и промовирање на демократските вредности. Во однос на поништувањето на резултатите од претседателските избори во Романија од страна Уставниот суд, поради наводи за мешање поддржано од Русија во корист на кандидатот на екстремната десница, Судот испрати јасна порака дека изборниот интегритет не е предмет на дебата
Наспроти тврдењето во објавата, на Запад не владеат диктатура, едноумие и фашизам, туку има демократија, како еден од основните принципи на владеење во земјите од ЕУ. Демократијата во Европа, и внатре и надвор од 27-те земји-членки на ЕУ, е под силно влијание на законодавните и незаконодавните иницијативи на ЕУ, од кои многу се насочени кон одбрана и промовирање на демократските вредности. Во однос на поништувањето на резултатите од претседателските избори во Романија од страна Уставниот суд, поради наводи за мешање поддржано од Русија во корист на кандидатот на екстремната десница, Судот испрати јасна порака дека изборниот интегритет не е предмет на дебата
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се тврди дека не постои демократија, притоа се осврнува и на поништувањето на изборите во Романија и помилувањето на синот на американскиот претседател Џо Бајден. Ова е невистина.
Во постот стои:
Најјако од се, е што има луѓе кои мислеа дека постои “демократија” на западот.
Сето тоа беше диктатура, едноумие и фашизам, спакувано со многу пари, НВО и медиуми Има демократија. Можеш да избираш меѓу:
кандидат Х: финансиран и уценет од западот, израснат под нивна палка од пелени, до смрт ќе се бори за што ќе му кажат и
кандидат Y: финансиран и уценет од западот, израснат под нивна палка од пелени, до смрт ќе се бори за што ќе му кажат
Не го заборавај и владеењето на правото каде претседателот си го помилува синот.
Наспроти тврдењето во објавата, на Запад не владеат диктатура, едноумие и фашизам,туку има демократија, како еден од основните принципи на владеење во земјите од ЕУ
Демократијата во Европа, и внатре и надвор од 27-те земји-членки на ЕУ, е под силно влијание на законодавните и незаконодавните иницијативи на ЕУ, од кои многу се насочени кон одбрана и промовирање на демократските вредности. Европскиот парламент ја поддржува демократијата ширум светот.
Повеќе Европејци живеат во демократии и повеќе Европејци се придружуваат на вредностите на демократијата во нивниот секојдневен живот од кога било досега. Советот на Европа е вклучен во дизајнирањето на демократските институции.
Во однос на поништувањето на резултатите од претседателските избори во Романија од страна на нејзиниот Уставен суд, тоа се смета за триумф на демократијата. Со поништување на првиот круг – тесно добиен од кандидатот на екстремната десница Калин Георгеску поради наводите за мешање поддржано од Русија – судот испрати јасна порака дека изборниот интегритет не е предмет на дебата.
Романскиот суд ги поништи резултатите од претседателските избори и нареди ново гласање. Воедно објави дека трката за претседателската функција била „неисправна во текот на целото нејзино времетраење и во секоја фаза“. Во него се наведува манипулација со дигитални медиуми, очигледно упатување на употребата на видеата на TikTok од страна на кандидатот Георгеску кои не беа етикетирани како материјал за кампања и кои мистериозно ги преплавија мобилните телефони на Романците непосредно пред гласањето во првиот круг, пренесе My Times.
Документите објавени од Врховниот совет за одбрана обезбедуваат сериозни докази, во неделата пред изборите забележани се повеќе од 85.000 сајбер-напади на сметки поврзани со изборите кои користеле напредна технологија за шифрирање. Начинот на извршување и размерите јасно укажуваат на државен чинител. Податоците за пристап до домени поврзани со изборниот процес беа објавени на руски платформи за сајбер криминал.
Невладини организации постојат и ги има низ цел свет. Не е точно дека сите кандидати се финансирани и уценети од Западот, а речиси сите држави не дозволуваат странски пари и странско мешање во нивните национални избори, односно таквите активности се законски забранети. Законските забрани им даваат на земјите начин да ги спречат странските интереси да манипулираат со изборниот процес, обезбедувајќи правични кампањи за сите натпреварувачи.
На пример, Австралија донесе нов закон во 2018 година со кој се наметнуваат ограничувања на странските донации за партиите и кандидатите, а, исто така, им забранува на другите политички актери да користат странски донации за финансирање политички расходи. Австралија, исто така, донесе закон за нови кривични дела кои вклучуваат странско мешање, вклучувајќи го и делото „намерно странско мешање“, кое предвидува затворска казна до 20 години.
Како е регулирано во другите земји може да се види овде.
Во однос на помилувањето, претседателската моќ за помилување е експлицитно наведена во американскиот устав. Во делот 2 од член II се вели дека претседателот има овластување „да дава одложувања и помилувања за прекршоци против Соединетите држави, освен во случаи на импичмент“.
Бајден не е првиот претседател кој помилувал роднина.
На неговиот последен ден на функцијата во 2001 година, тогашниот претседател Бил Клинтон го помилува својот полубрат Роџер, кој се изјасни за виновен и помина една година во затвор поради обвиненијата за дрога.
Доналд Трамп го помилува таткото на неговиот зет, Чарлс Кушнер. Ќерката на Трамп, Иванка, се омажи за синот на Кушнер, Џаред, во 2009 година.
Поради горенаведените факти оваа објава ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар