Данците и Данајците не се едно исто, а кралот Џорџ Први бил убиен од Грк

Грчкиот крал Џорџ Први, Национален историски музеј, Атина фото: Tilemahos Efthimiadis from Athens, Greece, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Наспроти изнесеното во објавата, според официјални извори односно енциклопедијата „Британика“, кралот Џорџ Први бил убиен од Грк, а не од Македонец. Гркот Александрос Шинас – грчки анархист го убил кралот Џорџ Први во Солун во 1913 година. На 18 март 1913 година, околу 17 часот и 15 минути, Шинас  го застрелал кралот во грбот додека тој бил на прошетка во Солун во близина на Белата кула

Наспроти изнесеното во објавата, според официјални извори односно енциклопедијата „Британика“, кралот Џорџ Први бил убиен од Грк, а не од Македонец. Гркот Александрос Шинас – грчки анархист го убил кралот Џорџ Први во Солун во 1913 година. На 18 март 1913 година, околу 17 часот и 15 минути, Шинас  го застрелал кралот во грбот додека тој бил на прошетка во Солун во близина на Белата кула

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Threads во која пишува:

Данските судии се масони и имаа работен налог од данската масонска ложа да се одмаздат на Македонците за убиството на грчкиот крал Џорџ Први (24.12.1845 Копенхаген, Данска – 18.03.1913 Солун, Македонија) од данска кралска лоза. Затоа Данците се секогаш против екипите на Македонија во ракометот.

Мораме да им објасниме на Данска преку МНР и да им речеме данајци „ама морално беше да ви го убиеме данскиот крал како крал на Грција“. 

Наспроти изнесеното во објавата, официјални извори односно енциклопедијата „Британика“ наведува дека кралот Џорџ Први (инаку споменат во објавата), бил убиен од Грк, а не од Македонец. Џорџ Први бил роден на 24 декември 1845 година во Копенхаген, Данска и починал на 18 март 1913 година во Солун, Грција. Тој бил грчки крал чие долго владеење (1863-1913) се протегало низ формативниот период за развој на Грција како модерна европска држава. Неговите потомци го окупирале тронот до воениот државен удар во 1967 година и обновување на републиката во 1973 година.

Роден како Принц Вилијам и втор син на Кралот Кристијан Деветти на Данска – тој бил номиниран за грчкиот трон од страна на Британија, Франција и Русија. Националното собрание го прифатило како крал на Хелените во март 1863 година.

Убиецот на Кралот Џорџ Први е Гркот Александрос Шинас – грчки анархист кој го убил кралот Џорџ Први во Солун во 1913 година. Шинас работел во хотел во Њујорк и за него има информации дека читал социјалистичка литература. Шинас бил против владите и особено против монархијата и аристократијата. Отворил анархистичко училиште кое грчките власти го затвориле поради ширење антивладини идеи и отфрлање на кралот.

На 18 март 1913 година, околу 17 часот и 15 минути, Шинас кој бил на возраст од околу 40 години, го застрелал кралот Џорџ Први во грбот на кратко растојание, додека кралот бил на прошетка во Солун во близина на Белата кула. Овој истрел бил смртоносен за кралот.

Шинас веднаш бил однесен во затвор, иницијално одбивал да ги објасни причините за злосторот.

Постојат и извори според кои Шинас го правдал убиството со „делириум предизвикан од туберкулоза“.

Шинас починал од пад низ прозорец, непознато е дали е убиство или самоубиство.

Теориите дека Шинас оперирал како странски агент никогаш не се потврдени со никакви материјални докази.

Во објавата што ја рецензираме се изедначуваат Данците со Данајците, што е историски погрешно. Се работи за различни поими кои означуваат различни групи луѓе.

Данајците биле жители на градот Арга на Пелопонез и се потомци на грчкиот митски крал Данаја. Хомер со тоа име ги нарекува сите Грци под Троја. Со нив се поврзува „данајскиот дар“ како опасен погубен непријателски дар, во преносно значење, зад кој стојат зли намери, а во „Енеида“ го има стихот „Се плашам од Данајците и дарови кога носат“. Терминот „Данајци“ се споменува и на египетските споменици. Данците кои се жители на модерна Данска и Данајците не се поврзани.

За тврдењето дека „данските судии се масони што имаат налог од масонската ложа да им се одмаздат на Македонците“, нема никакви докази ни поткрепа.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција