Децата не се разболуваат ако носат заштитна маска

Фото: pixabay.com

Коронавирусот се шири при близок контакт со други, преку респираторни капки. Респираторните капки патуваат во воздухот кога кашлате, кивате, зборувате, викате или пеете. Овие капки потоа може да ги вдишат луѓето кои се во ваша близина, затоа маските се едноставна бариера за да се спречи вашите респираторни капки да стигнат до други лица. Науката е децидна дека придобивките од носење заштитна маска се големи, а негативните ефекти незначителни. Точната информација е дека маските не го намалуваат нивото на кислород ниту предизвикуваат оштетувања на органите ниту кај возрасните, ниту кај децата

Коронавирусот се шири при близок контакт со други, преку респираторни капки. Респираторните капки патуваат во воздухот кога кашлате, кивате, зборувате, викате или пеете. Овие капки потоа може да ги вдишат луѓето кои се во ваша близина, затоа маските се едноставна бариера за да се спречи вашите респираторни капки да стигнат до други лица. Науката е децидна дека придобивките од носење заштитна маска се големи, а негативните ефекти незначителни. Точната информација е дека маските не го намалуваат нивото на кислород, ниту предизвикуваат оштетувања на органите ниту кај возрасните, ниту кај децата

 

 

Фејсбук објава тврди дека тоа што Комисијата за заразни болести одлучила да остане мерката за носење на заштитни маски во училиштата значи дека тие сакаат децата да бидат болни. Ова е бесмислена и неточна информација.

Ги сакаат децата болни и готово. Секојдневно им се оштетува мозокот, белите дробови, сите органи страдаат без основата за живот – кислородот! Родители, зошто бе ништо не направивме? Зошто со молк го прифаќаме ова? Навистина ли сте помирени? Боже, каков пораз! Никаде веќе нема маски, ни во училиштата ни никаде, знаете ли од надворешна перспектива кај што никој не носи маска колку смешно и тажно изгледа што кај нас во Мк сите се сеуште маскирани до очи? Каква ниска трансмисија, таква за која на децата им наплаќаат со здравје?

Што ви е луѓе? Под каква хипноза сте?

Тврдењето дека децата се разболуваат затоа што носат маски, односно затоа што имаат недостаток на кислород е невистинито.

Фактите за носењето маски со цел спречување на ширењето на коронавирусот се сосема поинакви.

Не е точно дека маските се штетни и дека предизвикуваат недостаток на кислород кај децата, како што тврди оваа објава и голем дел на објави на социјалните мрежи во изминатите две години, кои пропагираа неносење на маски и неприменување на други мерки за заштита на личното и јавното здравје.

Дека маските не се штетни и не го стопираат дотокот на кислород покажува и експериментот на доктор, доктор Маитиу О Туатхаил, при што носел не една, туку шест хируршки маски и притоа го мерел нивото на кислород во својот организам. Неговите нивоа на кислород во текот на целиот период биле стабилни, односно изнесувале 99 проценти.

Ова е константен резултат без разлика дали носите шест маски во времетраење од една минута, или во текот на целиот ден. Поради фактот што молекулите на кислородот се толку мали, тие можат да продрат низ било каква маска, без оглед на тоа колку долго ја носите, вели тој во своето видео.

Докторот дополнително, како аргумент ги посочува своите колеги хирурзи кои со години носат хируршки маски без никакви последици.

Истиот став го има и Светската здравствена организација.

Долготрајното носење медицинска маска не предизвикува интоксикација со јаглерод диоксид, ниту, пак, дефицит на кислород, велат оттаму.

И Американската белодробна асоцијација експлицитно демантира дека маската предизвикува ниски нивоа на кислород во организмот.

Oва е апсолутно неточно. Ние носиме маски по цели денови во болниците. Тие се дизајнирани за да може да се дише со нив и нема апсолутно никакви докази дека водат до ниски нивоа на кислород, пишува на официјалната страница на асоцијацијата.

Бидејќи нивото на кислород останува стабилно за време на носењето на маска, тоа значи дека на децата им се оштетува мозокот, белите дробови и сите органи бидејќи немаат кислород, како што неточно се тврди во објавата.

Исто така, невистина во објавата е дека „никаде веќе не се носат маски“.

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште препорачува заштитните маски да се користат како дел од сеопфатната стратегија на мерки кои спречуваат да се пренесува коронавирусот, заедно со други мерки како одржување на физичка дистанца, проветрување, избегнување на гужви и миење раце. Сите овие препораки треба комбинирано да се применуваат за да обезбеди соодветно ниво на заштита од ковид-19.

Според СЗО, во земји или области каде што има интензивно пренесување на ковид-19 во заедницата и во услови каде што не може да се постигне физичко растојание, се препорачуваат следниве критериуми за употреба на маски во училиштата:

  1. Децата на возраст од 5 години и помали не треба да се обврзуваат да носат маски.
  2. За деца меѓу 6 и 11 години, треба да се примени пристап заснован на ризик при одлуката за употреба на маска, имајќи предвид:
  • интензитетот на пренесување во областа каде што е детето и докази за ризикот од инфекција и пренос во оваа возрасна група, верувања, обичаи и однесувања.
  • способноста на детето да се придржува до правилната употреба на маските и достапноста на надзор од возрасен.
  • потенцијалното влијание на носењето маски врз учењето и развојот.
  • дополнителни размислувања како што се спортски активности или за деца со попреченост или основни болести.

3. Децата и адолесцентите 12 години или постари треба да ги следат националните упатства за маски за возрасни.

4. Од наставникот и помошниот персонал може да се бара да носат маски кога не можат да гарантираат растојание од најмалку 1 метар од другите или има широко распространет пренос во областа.

Коронавирусот се шири при близок контакт со други, преку респираторни капки. Респираторните капки патуваат во воздухот кога кашлате, кивате, зборувате, викате или пеете. Овие капки потоа може да ги вдишат луѓето кои се во ваша близина, затоа маските се едноставна бариера за да се спречи вашите респираторни капки да стигнат до други лица. Науката е децидна дека придобивките од носење заштитна маска се големи, а негативните ефекти незначителни. Така што, оваа објава преставува дезинформација којашто ја манипулира јавноста, точната информација е дека маските не го намалуваат нивото на кислород ниту предизвикуваат оштетувања на органите.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција