Дел од кумановци не се вакцинираат и покрај отежнатата здравствена состојба – што покажуваат статистиките?

Процентот на вакцинирани во општина Куманово не е ни блиску до постигнување колективен имунитет во овој град. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во овој град се вакцинирани само 31 процент од населението. Според лекарот Пајтим Асани, главната причина за малиот број на вакцинирани во овој град се конспиративните теории и дезинформациите за несаканите ефекти од вакцините.

Процентот на вакцинирани во општина Куманово не е ни блиску до постигнување колективен имунитет во овој град. Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во овој град се вакцинирани само 31 процент од населението. Според лекарот Пајтим Асани, главната причина за малиот број на вакцинирани во овој град се конспиративните теории и дезинформациите за несаканите ефекти од вакцините. Асани вели дека во земјава нема колективна одговорност, пишува  Порталб.мк.

 

Иако во моментов Куманово е еден од градовите со најтешка состојба со корона вирусот, со над 140 позитивни случаи, бројот на вакцинирани се уште е незадоволителен.

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), досега во овој град вакцинирано е само 31 отсто од населението, процент кој е далеку од постигнување на колективен имунитет.

Податоци од ИЈЗ за декември 2021

Од почетокот на пандемијата па се до денес, од корона вирусот во Куманово починало вкупно 541 лице, со вирусот се заразени вкупно 13.059 лица, од кои 12.377 се евидентирани како излечени.

Податоци од ИЈЗ за декември 2021

Нагласуваме дека горенаведената статистика е преземена од анализата на Институтот за јавно здравје за периодот 13-19.12.2021 година. Целосниот извештај можете да го прочитате  ТУКА.

Зошто дел од кумановци не се вакцинираат против Ковид-19?

Лекарот Пајтим Асани за  Порталб.мк истакна дека главните причини поради кои голем број кумановци одлучиле да не се вакцинираат се различните конспиративни теории и дезинформациите за несаканите ефекти од вакцините.

д-р Пајтим Асани

„Причините за малиот број на вакцинирани во градот Куманово и неговата околина се разните конспиративни теории и дезинформациите за несаканите ефекти дека наводно вакцинацијата може сериозно да го наруши здравјето. Несаканите ефекти од вакцините се веќе познати, ги споменавме и претходно и може да се проверат во различни референтни извори како СЗО итн. Несакани ефекти дефинитивно има, но не треба да се превеличуваат како такви“, изјави Пајтим Асани, лекар.

Асани додаде дека здравите млади без пропратни заболувања не треба да сносат само индивидуална, туку и колективна одговорност, бидејќи, како што вели, овие лица се најголемите преносители на корона вирусот и ги загрозуваат луѓето кои се стари или имаат други болести.

„И кај нас и во другите општества ширум светот, постои нешто што се нарекува колективна одговорност. Сите оние млади луѓе кои не боледуваат од никаква болест и можеби од досега познатите прогнози не би страдале од компликации како последица на САРС КоВ 2, треба да сносат не само индивидуална туку и колективна одговорност, бидејќи ние како такви сме најчестите преносители на вирусот и го овозможуваме неговото ширење и на тој начин пандемијата се пролонгира и истовремено овозможува вирусот да мутира и да предизвика реинфекции од кои најмногу страдаат постарите лица и оние кои боледуваат од разни хронични заболувања“, додаде Асани, лекар.

Кои се 5-те причини кои би го загрозиле колективниот имунитет?

Според доктор Асани постојат пет причини што го загрозуваат колективниот имунитет. Тоа се:

  1. Вакцините што моментално ги имаме на располагање не ја спречуваат инфекцијата со вирусот САРС КоВ 2. И вакцинираните луѓе можат да се заразат со Ковид-19, како и да го шират вирусот во општеството. Успехот на вакцината е ограничен на спречувањето на сериозни форми на болеста КОВИД-19 и смртта.
  2. За да се искорени пандемијата од едно општество потребна е брза вакцинација на широките народни маси за да се постигне колективна заштита од вирусот. Некаде тоа не може да се постигне поради геополитиката, многу земји немаат можност да се снабдат со доволен број на вакцини, а некaде пак, иако имаат достапни вакцини во доволни количини, луѓето сепак одбиваат да се вакцинираат.
  3. Мутацијата и новите варијанти овозможија да новата варијанта на вирусот САРС КоВ 2 го избегне имунолошкиот радар создаден со вакцинација или самата болест за претходните варијанти. Новите мутации на САРС КоВ 2 можат да бидат отпорни на вакцините и да предизвикаат инфекции и реинфекции.
  4. Имунитетот што се постигнува со вакцинација или самата болест не трае вечно. Што се однесува до времетраењето на имунитетот постојат различни студии, но повеќето од нив тврдат дека имунитетот трае најмалку 3 месеци, односно просечно 6 месеци. Една нова студија тврди дека имунитетот од самата болест е поефикасен од оној добиен од вакцините и трае некаде околу 13 месеци.
  5. Вакцинацијата го менува начинот на однесување на вакцинираните лица. Обично по вакцинирањето, многу од нив, поради сигурноста која ја нуди вакцината почнуваат послободно да се дружат, со што се зголемуваат пост-вакциналните интеракции.

За крај, според Асани, постојат мислења дека вирусот САРС КоВ 2 може да се претвори во ендемичен или сезонски вирус како што е вирусот на грип. „Мој совет и на секој вистински лекар е, народот масовно да се вакцинира и да продолжи да ги почитува мерките за превенција од инфекциите што ги спомнавме веќе неколку пати до сега“, вели доктор Асани.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција