Денеска и утре конференција е-Општество.мк: „Кибер отпорност за слобода и безбедност“

Фото: Фондација Метаморфозис

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи 18 издание на меѓународната конференција e-Општество.мк на тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“, соопшти Фондацијата Метаморфозис. Конференцијата ќе се одржи во Хотел Мериот, Скопје, како и онлајн преку платформата ZOOM и Facebook Live на профилот на Фондација Метаморфозис

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи 18 издание на меѓународната конференција e-Општество.мк на тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“, соопшти Фондацијата Метаморфозис. Конференцијата ќе се одржи во Хотел Мериот, Скопје, како и онлајн преку платформата ZOOM и Facebook Live на профилот на Фондација Метаморфозис

 

 

Конференцијата ќе ја отворат министерката за одбрана Славјанка Петровска, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска (видео обраќање) и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

Говорниците ќе ја понудат својата перспектива и проценка за начините како да се зачуваат слободата и безбедноста во дигиталната ера и да се поттикне создавањето на кибер-отпорни заедници на граѓани. Оваа сесија ќе обезбеди цврста основа за понатамошни дискусии фокусирани на потенцијалните закани за слободите, безбедноста и човековите права на Интернет, велат од Метаморфозис.

Овогодинешното издание на е-Општество.мк ќе трае 2 дена и се состои од 7 панел дискусии, 2 инспиративни говори, 1 ТВ дебата и 1 прикажување на филмот „Сестри“ од Дина Дума (во Кинотека на Северна Македонија).

Активисти, експерти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко ќе ги споделат своите ставови и размислувања за дигиталната трансформација на јавната администрација и општествата во Западен Балкан, почитувањето на човековите права во онлајн просторот, надзорот и биометриската обработка на податоци, приватноста, последиците од сајбернасилството во реалниот живот, како и надминување на родовиот јаз во сајбер-безбедноста, посочија од Метаморфозис.

Конференцијата, исто така, ќе содржи и дискусии за дезинформациските наративи, ефектите од дезинформациите и странските штетни влијанија врз демократијата на Северна Македонија, како и за безбедносните закани за демократијата и европските напори во борбата против дезинформациите.

Поттикнати од предизвиците со кои се соочуваше светот во изминатиот период, оваа година ставаме фокус на градење и негување на едно кибер-отпорно општество, низ призмата на приватност и безбедност во дигиталната ера. Дигиталните технологии нудат многу можности за подобрување на животот на граѓаните, но важно е сите да бидат свесни и за ризиците од нивното неправилно користење. Младите како една од најранливите категории се особено изложени на ваквите ризици, со посебен акцент на дезинформациите и сајбер-малтретирањето, и како идни лидери, треба да биде приоритет тие да станат дигитално компетентни и одговорни граѓани, вели Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.

Тој додава оти е од суштинска важност посветено и инклузивно да се работи на негување на култура на кибер-отпорност, заеднички со сите засегнати страни, па затоа на оваа конференција се очекува да се приклучат претставници од институции, граѓански организации, медиуми, академскиот сектор, бизнисот, експерти и граѓани од Европа и пошироко, за заеднички да продискутираат и да произлезат со конкретни решенија и идни чекори за акција.

На настанот ќе биде обезбеден превод на македонски, албански и на англиски јазик.
Агендата за конференцијата може да ја најдете тука.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција