Децата на самохрани родители во Штип добија бесплатен престој во градинките
ВЕТУВАЊЕ: Бесплатен престој на деца на самохрани родители во
детските градинки во Штип
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето за бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки е исполнето ветување на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Проектот е дел од неговата предизборна програма за локалните избори 2017-2020 година насловена како „Живот во Штип! За сите!“ (стр.12).
На 14.03.2018 година, како што јавија дел од медиумите, децата на самохраните родители во Штип, добија бесплатен престој во детските градинки. Мерката ја промовираше градоначалникот Благоја Бочварски.
Зборот е збор! Во предизборната кампања најавивме дека децата на самохраните родители во Општина Штип ќе посетуваат градинка бесплатно. Тоа денеска го овозможуваме заедно со двете градинки во Општина Штип, „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“. Ова значи дека Општина Штип заедно со двете детски градинки им овозможуваат на 52 дечиња коишто ги посетуваат моментално овие две градинки да имаат бесплатен престој,“ истакна градоначалникот Бочварски, пренесе А1 он.
Средствата за реализација на овој проект, како што објасни градоначалникот, ги обезбедила Општината, 351.000 денари.
Веста беше пренесена и на официјалниот фејсбук профил на градоначалникот на Штип, Бочварски, како и на официјалната веб – страница на Општина Штип.
Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Бочварски за бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки, е исполнето.
ИЗВОРИ:
- Предизборна програма за локаните избори (2017-2010) – „Живот во Штип! За сите!“ (стр.12) [Пристапено на 16.03.2018]
- Тајм.мк (14.03.2017) – Децата на самохраните родители добија бесплатен престој во детските градинки во Штип [Пристапено на 16.03.2018]
- А1 он (14.03.2017) – Децата на самохраните родители добија бесплатен престој во детските градинки во Штип [Пристапено на 16.03.2018]
- Официјален фејсбук профил на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски [Пристапено на 16.03.2018]
- Официјална веб страна на Општина Штип [Пристапено на 16.03.2018]
Оцени: Ана Анастасовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар