Децата од Хиподром сè уште го чекаат новото училиште

ОУ „Вера Јоциќ“ - нас. Хиподром Фото: Принтскрин

Проект: Изградба на нов училиштен објект во ОУ „Вера Јоциќ“ во соработка со Министерството за образование и наука. Вредност: 90 милиони денари. (Рок: јуни 2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Овој проект е најавен во изборната програма на градоначалникот на Општината Гази Баба, Тони Трајковски за локланите избори за 2013-2017 година, но досега не е реализиран.

Изградба на нов училиштен објект во ОУ „Вера Јоциќ“,градоначалникот Трајковски  најави на почетокот од неговата изборна трка за втор мандат во интервју за телевизија Телма. Веста за реализираното инетрвју и за најавените проекти беше објавена на официјалната Фејсбук страна на градоначалникот на Гази Баба.

Исто така, Тони Трајковски презентираше дел од изборната програма 2013-2017, каде ги наведе поголемите проекти кои ќе се реализираат во текот на следните 4 години:
– Изградба на нова општинска зграда;
– Изградба на нов училишен објект vo ОУ „Вера Јоциќ“ во соработка со Министерството за образование и наука;

На 23.11.2014 година, дел од медиумите, повикувајќи се на изјава на градоначалникот Тони Трајковски, објавија дека новата училишна зграда на ОУ „Вера Јоциќ“ ќе се гради со донација од Владата на НР Кина, дека тоа ќе биде на два ката, со капацитет за 500 ученици, кои би посетувале настава во две смени.

Проектот го води Секторот за европски прашања. Од НР Kина беа стручни лица и направија увид во училиштето. Последен пат се сретнавме пред околу пет месеци со нивните инженери во мојот кабинет. Изготвен е проект, а испитано е и земјиштето – изјави Трајковски.

На стартот на учебната година во 2015 година, порталот Фактор, објави статија дека ветувањата за ново училиште во населбата Хиподром останале празни. Порталот се повикува на реакции од родители чии што деца учат во Вера Јоциќ.

На стартот на новата учебна година неизвесно е дали учениците ќе дојдат во училиште. Дел од родителите најавија дека денеска ќе организираат протестен собир во училишниот двор и ќе правата петиција да не ги пуштат своите деца на првиот училишен час, бидејќи тие со години учат во старо и дотраено училиште, во кое според нив, не е безбедно да се следи настава.

На 17.05.2016 година, градоначалникот бил во посета на населба Хиподорм, при што ги информирал тамошните жители дека има застој во изградбата на училиштето.

Топ тема беше изградбата на ново ОУ, за кое градоначалникот напомена дека застојот е направен од страна на кинезите и проблемите со различните стандарди кои се применуваат во градењето, и додаде доколку кинезите набрзо не започнат со градба, Владата ќе ја преземе обврската за изградба на ново ОУ во нашата населба.

Имајќи го предвид сето ова, како и рокот наведен во изборната програма, може да се заклучи дека ова ветување на Трајковски не е исполнето.

ИЗВОРИ:

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција