Детската градинка „Орце Николов“ сè уште со старата фасада
Проверката на „Вистиномер“ покажа дека речиси три години по доаѓањето на оваа локална власт, не е поставена нова фасада на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4, а нема ниту информации дека за работи на ваков проект
Проверката на „Вистиномер“ покажа дека речиси три години по доаѓањето на оваа локална власт, не е поставена нова фасада на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4, а нема ниту информации дека за работи на ваков проект
Ветување: Урбана заедница Карпош 4 – Фасада на детска градинка „Орце Николов“
[Извор: Изборна програма на Стевчо Јакимовски – Гром „Моќен сојуз. Јас и вие!“, стр. 14 – датум: октомври 2021 г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски за поставување нова фасада на детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4, досега (19.07.2024) е неисполнето. Ова ветување е дел од неговата изборна програма „Моќен сојуз. Јас и вие!“ (стр. 14), со којашто ја бараше довербата на граѓаните за локалните избори во 2021 година.
Очекувањата беа дека со овој проект ќе се подобрат енергетската ефикасност и безбедноста на зградата, а ќе се создадат и подобри услови за децата и вработените во градинката. Сепак, тоа не се случи. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека речиси три години по доаѓањето на оваа локална власт, градинката „Орце Николов“ во Карпош 4 сè уште ја има старата фасада.
До моментот кога е пишуван овој текст (19.07.2024) не е поставена нова фасада на детската градинка, а нема ниту информации дека за работи на ваков проект. На официјалната веб-страница на Општина Карпош не успеавме да најдеме објава за изградба на фасада на детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4. Ова ветување не се спомнува во ниту една од годишни програми на Општината за 2022,2023 и 2024 година, а информации за тоа дека се спроведени некакви активности за реализација на проектот, не најдовме ниту во медиумите.
Имајќи го предвид сето ова, вклучително и нашата теренска проверка, ова изборно ветување на Јакимовски го оценуваме како неисполнето.
Извори:
- Годишни програми на општина Карпош – [проверено на 19.07.2024]
- Изборна програма на Стевче Јакимовски – Гром „Моќен сојуз. Јас и вие!“ – [проверено на 19.07.2024]
Оцени: Александар Ристоски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар