Девојчето во болничка постела е креирано со вештачка интелигенција

Фотографијата и приказната за девојчето болно од рак не се вистинити. Вистиномер ја постави фотографијата во сервисот за проверка на содржини создадени со вештачка интелигенција и добивме резултат дека истата е создадена со вештачка интелигенција.

Фотографијата и приказната за девојчето болно од рак не се вистинити. Вистиномер ја постави фотографијата во сервисот за проверка на содржини создадени со вештачка интелигенција и добивме резултат дека истата е создадена со вештачка интелигенција

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од девојче во болнички кревет и пишува:

Последната хемотерапија заврши. Нашата ќерка го победи ракот. Денес таа заслужува најголеми честитки.

На фотографијата девојчето лежи во кревет со играчка во рацете и изгледа весело.

Но, оваа фотографија и приказната со хемотерапијата не се вистинити. Вистиномер ја постави фотографијата во сервисот за проверка на содржини создадени со вештачка интелигенција. Најнапред на пребарувачот Гугл, побаравме повеќе информации за оваа фотографија и добивме резултат дека истата е создадена со вештачка интелигенција.

Во ноември 2025 година фотографијата со истиот текст била споделувана на Фејсбук на српски јазик, и тие објави имаат достигнато голема виралност. Сервисот за проверка дали некоја фотографија е креирана со помош на вештачка интелигенција Сајтенџин (sightengine)., ни даде резултат дека сликата е генерирана со АИ со веројатност од 99 проценти.

Истиот резултат го добивме и со алатката Хајв модерејшн (Hive moderation).

Во последно време на социјалните мрежи се користат фотографии создадени со вештачка интелигенција за да ја злоупотребат брзата и емотивна реакција на корисниците, кои се чувствуваат „должни“ да остават реакција на овие содржини, со оглед на тоа што лажно е претставено дека се работи за сериозни дијагнози и вистински личности.

На ваков начин на социјалните мрежи се собираат лаjкови, кликови и се прави вештачки поголем досег на овие содржини. Карактеристично за сите вакви содржини на социјалните мрежи е дека секогаш се бара граѓаните да коментираат нешто. Вистинската цел е објавата на ваков начин да добие што поголема видливост.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција