ДЕЗИНФО РАДАР: Западен Балкан – Надворешни двигатели на дезинформациски наративи поврзани со ЕУ

Очекувани критични настани кои веројатно ќе поттикнат дезинформациски наративи во Западен Балкан во текот на мај 2026 година, идентификувани во април 2026 година

 

До крајот на мај 2026 година, Западен Балкан најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од дезинформации поттикнати од надворешни случувања што влијаат врз интеграцијата во ЕУ, како што се политички пораки во врска со проширувањето, променливата динамика во рамките на Европската Унија и пошироките геополитички тензии. 

Самит ЕУ-Западен Балкан: наративи за проширување и условеност 

Претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Црна Гора на 5 јуни, најверојатно ќе дејствува како регионален поттик за дезинформациски активности во текот на мај

Улогата на Црна Гора како домаќин, позиционирана како предводник во процесот на пристапување (веднаш по неа е Албанија), како и оценката на ЕУ дека Србија останува недоволно усогласена со нејзината надворешна и безбедносна политика (санкциите кон Русија) и застојот во пристапниот процес на Северна Македонија (спорот со Бугарија), најверојатно ќе бидат искористени за зајакнување на наративите за нееднаков третман, политички притисок и геополитичка условеност. 

Преобликување на наративите во врска со политичката промена во Унгарија 

Изборниот пораз на Виктор Орбан најверојатно ќе предизвика преобликување на дезинформациските наративи низ Западен Балкан, кои може да се приспособат за да се сугерира дека земјите во регионот би можеле да се соочат со сличен притисок доколку се спротивстават на усогласувањето со политиките на ЕУ. 

Глобални ефекти: конфликтот САД–Израел–Иран и економски наративи

Тековната војна меѓу САД-Израел и Иран најверојатно ќе влијае врз Западен Балкан првенствено преку економски и геополитички прелевања, особено преку зголемување на цените на енергенсите, ризици од инфлација, но и поширока неизвесност. 

Албанија: преглед на кибер безбедноста и економски прашања како поттик за политичките наративи во мај

Информациската околина во Албанија во мај најверојатно ќе биде под влијание на развојот на кибер безбедноста и политички чувствителните настани поврзани со историската меморија. Комбинацијата од растечки трошоци, одложувања во политиките и висока јавна чувствителност создава погодна средина за дезинформации, зголемувајќи го ризикот од економска вознемиреност, ерозија на довербата во институциите и искривување на начинот на кој јавноста го разбира енергетскиот пазар. 

Босна и Херцеговина: конкурентни геополитички наративи кои најверојатно ќе поттикнат дезинформации околу настаните во Бања Лука поврзани со влијанието на САД

Информациската средина во Босна и Херцеговина најверојатно ќе биде обликувана од конкурентни геополитички наративи поврзани со самитот на Голд Институт и посетата на Доналд Трамп Џуниор во Бања Лука. Комбинацијата од ниска транспарентност, политички активности од висок профил и постоечката институционална слабост го зголемува ризикот од засилување на дезинформациите, селективно толкување и дополнителна поларизација во Босна и Херцеговина. 

Косоворизик од дезинформации по неуспехот на претседателските избори и можни предвремените избори во јуни

Информациската средина во Косово најверојатно ќе се соочи со зголемени ризици од дезинформации по неуспехот на Парламентот да избере претседател во уставниот рок на 28 април и можноста за предвремени избори во јуни. Во исто време, очекуваниот изборен процес е ранлив на делегитимизација преку наративи што го доведуваат во прашање неговиот кредибилитет и правичност, а геополитичките наративи исто така најверојатно ќе се засилат, поврзувајќи ги внатрешните случувања со пошироки промени во Европската Унија. 

Црна Горадебатата за трговијата со оружје со Израел – почва за дезинформации во услови на геополитичка поларизација 

Информациската средина во Црна Гора најверојатно ќе биде под влијание на дезинформациски наративи по јавното писмо од организации на граѓанското општество, со кое се бара транспарентност околу потенцијалната трговија со оружје и воена соработка со Израел. Постои ризик за зголемана поларизација и ослабување на довербата во институциите, особено во контекст на пошироките дебати за надворешнополитичката ориентација на Црна Гора.

Комбинацијата од висока јавна чувствителност, правна комплексност и ограничена институционална реакција создава погодна средина за засилување на дезинформациите, со ризик од искривување на јавното разбирање и продлабочување на општествените поделби. 

Северна Македонијајазичниот спор околу правосудниот испит најверојатно ќе поттикне дезинформациски наративи поврзани со суверенитетот и меѓуетничките односи  

Информациската средина во Северна Македонија најверојатно ќе биде обликувана од дезинформациски наративи поврзани со спорот околу употребата на албанскиот јазик во правосудниот испит, со зголемен потенцијал за поттикнување меѓуетнички тензии. Продолженото врамување поврзано со суверенитетот и спротивставените толкувања ризикува дополнително да ги ескалира тензиите и да ја продлабочи поларизацијата во Северна Македонија. 

Србијапритисокот поврзан со финансирањето од ЕУ и динамиките на протестите најверојатно ќе поттикнат дезинформациски наративи

Информациската средина во Србија најверојатно ќе доживее засилување на дезинформациски наративи поттикнати од можни ограничувања на финансирањето од ЕУ, тековни протестни динамики и пошироки загрижености за демократско назадување. Домашните случувања исто така најверојатно ќе бидат инструментализирани преку наративи што ги прикажуваат протестите, особено оние поврзани со изборни неправилности, како надворешно оркестрирани обиди за дестабилизација

Пошироките геополитички случувања, меѓу кои и економски наративи поврзани со глобални конфликти и енергетската зависност на Србија од Русија, може да бидат вклучени во дезинформациски пораки за дополнително да се засили неизвесноста и незадоволството. 

 

Прочитајте повеќе

Препорачани недоамнешни публикации на тема информациски интегритет во регионот Западен Балкан

„Дизинфо радар: Следи и предупреди“ е месечна публикација, дел од системот за предупредување за рано предупредување за дезинформации во Западен Балкан базиран на податоци. Дизинфо радарот обезбедува однапред предупредување за очекувани настани на жариште кои веројатно ќе поттикнат дезинформативни наративи врз основа на анализата на проценка на ризикот од резултатите од континуираното следење на медиумите и претходното искуство со повторувачки кампањи за дезинформации.

Информациите што ги дава Дизинфо радарот се презентирани во концизен, лесен за читање формат и се дистрибуираат преку центарот за содржини antidisinfo.net, во форма на месечен билтен преку е-пошта и преку најпопуларните социјални мрежи во регионот.

Оваа публикација е информативна услуга произведена од Фондацијата „Метаморфозис“ во соработка со партнерска мрежа, вклучувајќи го Центарот за меѓународни и безбедносни прашања (ISAC), Sbunker, Faktoje.al, и Центарот за демократија и човекови права (CEDEM).

Оваа публикација е бесплатна и не смее да се продава. Ставовите изразени во публикацијата се ставови на авторите.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција