Дезинформација е дека СДСМ прави списоци за да го вакцинира членството преку ред

Фотографијата од наводната кореспонденција меѓу Николовски и членството на СДСМ е фотомонтажа, не е вистинита и има за цел да создаде недоверба во начинот на кој се приоритизираат граѓаните кои ќе се вакцинираат во Македонија. Не е точно твредњето дека приоритетни за вакцинација се оние коишто имаат членска книшка од СДСМ. Во средата 31 март, започна вакцинацијата на граѓани над 77-годишна возраст, со првите 20 илјади дози од „АстраЗенека“. Невистинито е и тврдењето  дека здравствените работници немале приоритет за вакцинација. Тие беа први вакцинирани со донирани вакцини од Србија од производителот „Фајзер“, а и со руската „Спутник В“

Фотографијата од наводната кореспонденција меѓу Николовски и членството на СДСМ е фотомонтажа, не е вистинита и има за цел да создаде недоверба во начинот на кој се приоритизираат граѓаните кои ќе се вакцинираат во Македонија. Не е точно твредњето дека приоритетни за вакцинација  се оние коишто имаат членска книшка од СДСМ. Во средата 31 март, започна вакцинацијата на граѓани над 77-годишна возрст, со првите 20 илјади дози од „АстраЗенека“. Невистинито е и тврдењето  дека здравствените работници немале приоритет за вакцинација. Тие беа први вакцинирани со донирани вакцини од Србија, од производителот „Фајзер“, а и со руската „Спутник В“

 

 

Рецензираме вест, со пропратен Фејсбук пост, во чиј наслов се тврди: „СДСМ прави списоци за приоритетно вакцинирање, партиските книшки тикет за вакцина“.

Во текстот е споделена фотографија која личи на мејл комуникација, која што, наводно, ја испратил генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Во мејлот пишува:

Наскоро започнува вакцинирање на граѓаните против Сарс Ковид 19 вирусот. Првата количина е ограничена. Бараме од општинските организации да ни се достават списоци за приоритетно вакцинирање на наши луѓе. Списоците да се пратат во рок од два дена. Овој процес треба да помине тивко и да не се споделува јавно.

Фотографијата од наводната кореспонденција меѓу Николовски и членството на СДСМ е фотомонтажа, не е вистинита и има за цел да создаде недоверба во начинот на кој се приоритизираат граѓаните кои ќе се вакцинираат во Македонија.

Во текстот кој го рецензираме, се дава и коментаторски елемент, дека приоритетни за вакцинација не се докторите, новинарите, професорите и воспитувачите, туку приоритетни се тие што имаат членска книшка од владејачката партија.

И ова тврдење не е точно. Сестринскиот портал на Вистиномер, Критинк, во написот на оваа тема направи преглед на планот и напорите за вакцинирање со вакцините кои веќе пристигнаа во земјава и настаните поврзани со вакцинацијата. Од средата 31 март, со првите 20 илјади дози од „АстраЗенека“, кои стигнаа на скопскиот аеродром минатата недела, започна вакцинацирањето на граѓани над 77-годишна возраст. Министерот за здравство Венко Филипче, претходно изјави дека вакцината на „АстраЗенека“ нема да се дава на лица помлади од 60 години и ќе ги следи примерите на Канада и на Германија.

Невистинито е и тврдењето во текстот дека здравствените работници немале приоритет за вакцинација. Тие беа први вакцинирани со донирани вакцини од Србија, од производителот „Фајзер“, а и со руската „Спутник В“. Вакцинацијата на здравствените работници почна на 17 февруари во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, за што имаше и официјален настан.

Информацијата ја демантираше и СДСМ.

Ова е невистина, лажна вест, целосна измислица со креирана графичка монтажа. Целта е манипулација на граѓаните во услови на пандемија, вештачко создавање негативни емоции и да му наштети на угледот на СДСМ. Тоа нема да го дозволиме. Следуваат и соодветни пријави до надлежните институции. Во моментов оваа монтажа се шири на социјалните мрежи, Фејсбук и Твитер, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и ако забележат вакви или други случаи, што е кривично дело, лажно претставување, да се обратат до СДСМ преку официјалните канали, за да можеме соодветно да реагираме. Не постои и нема да постои партиско вакцинирање. Тоа е само во главите и опасните умови на подрумите и Фејкњуз лабораториите кои имаат за цел да страда народот. Тоа се истите што ширеа лажни вести за Референдумот, за Пописот, истите кои се во постојана координација со “радикалното” манипулаторско ткиво на структурите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и до Левица, велат оттаму. 

Имајќи ги предвид горенаведените аргументи, информацијата за правење партиски списоци за вакцинација ја оценуваме како лажна, а прикажаниот „мејл“ како фотомонтажа, односно манипулирана содржина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција