Дезинформација: „Кемтреилс“ и корона вирусот, демек, биле и регионален феномен
Одново и одново се шират лаги околу „запрашувањето“ (chemtrails или „кемтреилс“) и поврзаноста со корона вирусот и пандемијата. Овој пат, демек, тоа се случува и на регионално ниво
Одново и одново се шират лаги околу „запрашувањето“ (chemtrails или „кемтреилс“) и поврзаноста со корона вирусот и пандемијата. Овој пат, демек, тоа се случува и на регионално ниво
На социјалната мрежа Фејсбук постојано се појавуваат нови дезинформации околу „кемтреилс“ и ширењето на корона вирусот во рамките на светската пандемија. Овој пат тоа е поврзано на регионално ниво во рамките на Балканскиот полуостров.
Пост објава на Фејсбук на македонски јазик повторно ја шири ваквата теорија на заговор, при што во постот се наведува:
Корона парти ?
Небото над : Македонија,Србија,Албанија,Босна,
Хрватска,Бугарија,Романија,Грција,
Словенија,Црна Гора…
До ваквата објава е залепен колаж од фотографии кои покажуваат траги во воздухот од кондензација на издувните гасови од млазните мотори на патнички авиони (contrails), што не е никаква мистерија или тешкотија да се направат, зашто, како што е појаснето во стручната јавност, тоа се физички феномени што се случуваат во атмосферата откако е воведен во широка употреба млазниот мотор кај авионите.

Така што, колажот од фотографии ниту е доказ, а во случајов нема ниту пак доказ дека е снимен на хоризонтот над Балканскиот полуостров. Оттука, овој колаж претставува, исто така, манипулација која е во функција на што поголема уверливост на текстот во постот
Сервисите за проверка на факт, вклучувајќи го и „Вистинимер“ повеќе пати во текот на годинава ги имаат демистифицирано и разобличувано ваквите дезинформации. Овие текстови со факти можете да ги најдете на линковите ТУКА, ТУКА, ТУКА и ТУКА.
Имајќи го предвид погоре кажаното, без никакво сомневање, овој пост, текстот во него заедно со колажот од фотографии, може да се оцени како лага во целина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар