Дезинформација дека Зибери е позитивен на Ковид 19, три часа во изборен молк ,,ечеше” во медиумите

Oваа дезинформација овозможи за време на изборен молк кандидатот на ДУИ да биде споменуван во јавниот медиумски дискурс.

 

 

Пишува Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на повеќе медиуми, но најрано на Gazetaexpress во 13:14 часот, седум минути подоцна пренесена на „Вечер.мк“  под наслов „Насер Зибери позитивен на коронавирус“.

Набрзо  потоа истата вест ја пренесоа  уште многу медиуми.

Уште од самиот наслов порталите во изборен молк тврдат дека кандидатот за премиер на ДУИ е позитивен на корона вирусот, повикувајќи се на потврда од функционери од самата партија.

 

Вечер.мк дознава дека Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер на Македонија е позитивен на коронавирус. Засега е непознато каде се заразил. Зибери секојдневно беше во кампања имајќи контакт со илјадници луѓе, но и фукциониери.

Малку подоцна порталите „Фокус“ и „Плус инфо“ истата вест ја пренесуваат со потврда од високи партиски извори.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со Зибери, но тој не одговараше на нашите телефонски повици и смс пораки“.

Во прилог на информацијата се објавени и фотографии за кои се тврди дека се од Зибери кој се тестирал во приватна болница.

Либертас претходно доби фотографии од Зибери кој се тестирал во приватната болница Систина.

Три часа и откако во јавноста почнаа прозивки за тоа дали и кој од ДУИ ќе треба да оди во изолација поради наводниот позитивен тест на Зибери, тој на својот официјален фејсбук профил, ја демантираше информацијата. Притоа неговото име се вртеше во медиумскиот простор за време на изборен молк цели три часа.

Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Јас не сум позитивен со СОВИД-19 и утре во 10:00 часот ќе го искористам своето право на глас и ве повикувам сите да гласате и да не станете жртви на злонамерна пропаганда, напиша Зибери.

Oваа дезинформација овозможи за време на изборен молк кандидатот на политичката партија ДУИ да биде споменуван во јавниот медиумски дискурс. Повеќето медиуми се повикаа на извори од самата партија.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција