Дезинформации за предците на Каја Калас зготвени во кујната на Кремљ

Фото: europarl.europa.eu

Лицето кое во руска програма ширело дезинформации за дедото на Каја Калас е Алексеј Есаков. Тој беше водач на „Бесмртен полк“ што дејствуваше во Естонија и активно ја засилуваше пропагандата на Кремљ. Поради ова, тој беше депортиран од Естонија на 4 мај 2022 година. Според естонската полиција, заедно со ширењето на пропагандата на Кремљ и говорот на омраза, Есаков ја оправдувал руската агресија врз Украина и учествувал во илегалната трговија во Источна Украина

Лицето кое во руска програма ширело дезинформации за дедото на Каја Калас е Алексеј Есаков. Тој беше водач на „Бесмртен полк“ што дејствуваше во Естонија и активно ја засилуваше пропагандата на Кремљ. Поради ова, тој беше депортиран од Естонија на 4 мај 2022 година. Според естонската полиција, заедно со ширењето на пропагандата на Кремљ и говорот на омраза, Есаков ја оправдувал руската агресија врз Украина и учествувал во илегалната трговија во Источна Украина

 

Објава на Фејсбук тврди дека предците на поранешната премиерка на Естонија и нова шефица на европската дипломатија Каја Калас, биле нацисти.

Каја Калас, е кандидат за еврокомесар за надворешни работи на ЕУтаназија, и е поранешна премиерка на Естонија.

Нејзиниот прадедо (дедо на татко ѝ Сијм Калас), Едуард Алвер, правник, полициски начелник и политичар, бил командант на „Естонската Одбрамбена Лига“ која регрутираше војници за германскиот Вермахт кои учествоваа во окупацијата на Чехословачка и Полска. Починал во 1939-та, но неговото дело продолжило и станале дел од нацистичките трупи против СССР 1941-ва.

Нејзиниот дедо (по мајка), Алфред Калд, полициски начелник, учесник во државниот удар во Естонија во 1934-та, до 1939-та. Во 1941-ва со окупацијата од Нацистичка Германија, станува член на нацистичка естонска паравоена формација Оманкаице, создадена од нацистичките германски сили, која учествувала во борбите против партизаните и Евреите. Бил основач и шеф на тајната СС полиција на Естонија.

Се’ ова Каја не го спомнува на сослушувањето за нејзината биографија, иако е јавно достапно на GOOGLE, наведува објавата.

Предците на Калас биле тема на разговор на 17 мај, за време на програмата КУКЛЬ НАСЛЕДНИКА ТУТТИ на Канал 1 на Русија. Еден од гостите во емисијата рекол дека дедото на Калас, од страната на нејзината мајка, служел во естонските одбранбени сили, кои им помагале на поддржувачите на Хитлер да ги истребат Евреите и другите во концентрационите логори. Според гостинот, поради овој факт, дедото на Калас бил затворен пет години, додека нејзината мајка и баба, кои пет години биле протерани од Естонија, биле предмет на репресии од истата причина.

Тврдењето дека дедото на Каја Калас по мајка соработувал со нацистите, поради што тој и неговото семејство биле депортирани, е лажно, пишува во својата проверка на факти сајтот Митдетектор. Всушност, фотографијата прикажана во руската програма го прикажувала дедото на таткото на Калас, Едуард Алвер. Тој служел како шеф на Одбранбената лига во Естонската војна за независност и починал во 1939 година, 2 години пред нацистичката окупација. Мајката на Калас беше депортирана во Сибир заедно со 20.000 Естонци за време на кампањата за декулакизација во 1949 година, каде што помина речиси десет години, пишува Митдетектор.

Едуард Алвер бил познат адвокат и во различни периоди имал различни позиции во Естонија, вклучително и водење на Естонската одбранбена лига за време на Естонската војна за независност со Советскиот Сојуз во 1918-1920 година. Книгата за животот на Алвер ја објави неговиот внук, поранешниот премиер на Естонија и татко на Каја, Сим Калас, со наслов „Едуард Алвер: Неговото време и луѓе“.

Во 1930-тите, Алвер го предводел филмското студио Eesti Kultuurfilm и одборот на директори на Националниот изложбен фонд. Починал на 15 август 1939 година. Во овој период, Естонија ја задржала својата независност. Независноста на Естонија, врз основа на пактот Молотов-Рибентроп, таен договор потпишан меѓу Советскиот Сојуз и нацистичка Германија, заврши со инвазијата на Советскиот Сојуз во 1940 година. После тоа, во 1941 година, нацистичките сили ја нападнаа територијата на Естонија. Со оглед на овие факти, лажно е обвинувањето дека Алвер соработувал со нацистите, учествувал во убивањето на Евреите во концентрациониот логор и поради тоа бил затворен пет години, анализира Митдетектор.

На естонските колаборационисти навистина им се судеше за соработка со нацистите и за злосторства против човештвото во концентрациони логори, иако тие не ја претставуваа Естонската одбранбена лига, која беше ликвидирана по наредба од 1940 година, туку Омакаице (Домашна стража), која беше активна во 1917-1918 година и 1941-44 година. Некои од борците на ликвидираната Лига за одбрана се приклучија на Форест Браќа и продолжија да се борат против Советскиот Сојуз, некои се приклучија на Омакаице. По стекнувањето независност во 1991 година, Естонија почна да ги истражува злосторствата против човештвото извршени за време на нацистичката и советската окупација. Истрагата откри дека од 30 до 40.000 членови на Омакаице, приближно 1.000 до 1.200 луѓе биле директно вклучени во злосторства, вклучително и транспортирање и убивање Евреи во концентрациони логори.

Естонските колаборационисти беа судени за воени злосторства од страна на Советскиот Сојуз во 1961 година, вклучително и војската и шефот на Sicherheitspolizei (Безбедносната полиција) формирана во 1942 година, Аин-Ервин Мере и членовите на полицијата. Некои од нив беа осудени на смрт.

Што се однесува до мајката на Каја Калас, советските власти, всушност, ја депортирале во Сибир. Калас повеќе пати зборувала за ова.

Мајката и бабата на Калас беа депортирани заедно со 20.000 Естонци во март 1949 г. Операцијата „Прибој“ беше дел од кампањата за декулакизација и во нејзините рамки, до 90.000 лица од балтичките републики беа означени како „непријатели на народот“ и депортирани. Мајката на Калас тогаш имала само шест месеци. Таа поминала не пет, туку речиси десет години во егзил.

Лицето кое во руската програма ширело дезинформации за дедото на Каја Калас е Алексеј Есаков. Тој беше водач на „Бесмртен полк“ што дејствуваше во Естонија и активно ја засилуваше пропагандата на Кремљ. Поради ова, тој беше депортиран од Естонија на 4 мај 2022 година. Според естонската полиција, заедно со ширењето на пропагандата на Кремљ и говорот на омраза, Есаков ја оправдувал руската агресија врз Украина и учествувал во илегалната трговија во Источна Украина.

Есаков не е првиот човек што упатил вакво лажно обвинение против предците на Калас. Едуард Алвер беше обвинет за соработка со нацистите во 2022 година од страна на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Според Захарова, Алвер бил на чело на Омакаице, што не е точно. Потоа, поради изјавите на Захарова, рускиот амбасадор беше повикан во Министерството за надворешни работи на Естонија.

Што се однесува до информациите во објавата во врска со дедото на Калас по мајка, Алфред Калд, дека бил член на нацистичка естонска паравоена формација Омакаице, не успеавме да најдеме такви информации на Гугл.

За тоа како Кремљ започна масовна кампања за дезинформации против Каја Калас анализира и Едмо.еу

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата е невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција