Дезинформации за распоредувањето на американска војска во Европа

Public Domain

 

Деновиве неколку медиуми пласираа неточни вести во кои се поврзува американското воено присуство во Европа со руско-американските тензии и ширењето на коронавирусот. Во јавноста се појавија разни дезинформации за распоредувањето на американски воени сили во повеќе европски земји. Официјалните информации, пак, кажуваат дека станува збор за редовна воена вежба што се изведува во рамките на веќе планираните активности на американската војска и неколку европски војски.

Во врска со ова  Каllxo.com забележа дека во вести објавени од неколку медиуми има неточни информации кои предизвикаа паника кај граѓаните. Во овие текстови се тврдеше дека: „слетувањето на американските воени сили е насочено кон предизвикување на воен конфликт, алудирајќи на „Трета светска војна“помеѓу САД и Русија“. Па, граѓаните, покрај грижата за ширењето на пандемијата на коронавирус, мораа да се соочат и со лажни вести кои придонесоа за уште повеќе паника и вознемиреност кај нив.

Па така, можеа да се прочитаат наслови од типот: „Тешки односи со Русија, 20.000 американски војници„ слетаа во Европа “, „ Нешто врие! 40.000 американски специјални сили слетаа во земјите на ЕУ, а и на целиот Балкан! “, како и „ Да ја запреме Русија! „Земја на Европа со борбени авиони на САД“.

Феноменот на „коронавирусот“ е искористен како начин да се одвлече вниманието и да се подготви голем дел од светските граѓани за нешто поважно, што во овој случај нема никаква врска со лекување на вирусот, напиша порталот „Прешева јон“ (Наше Прешево).

Порталот „Прешева јон” покрена сомнежи за тоа дали се прави вештачко избувнување на пандемијата и затворањето на луѓето во нивните домови, наводно, со цел да се избегне вниманието на граѓаните кон распоредувањето на американските трупи низ цела Европа.

Кина и Русија со години беа неспорни противници на трговијата со САД, бидејќи нивната важност значително го намалува монополот на доларот на светскиот пазар, што резултира во значителни економски и геополитички загуби. Се разбира, појавувањето на коронавирусот најмногу ги уништи и парализира Италија и Кина. Дали затворањето на луѓето дома значи тие да не го гледаат движења на трупи од држава во држава или од место на место “, напиша понатаму порталот„ Нашето Прешево”

Но, која е причината на распоредувањето на вооружените сили на САД во Италија?

Сето ова движење на американските воени трупи кон некои европски градови, според американската армија во Европа, се спроведува поради вежбата „ДЕФЕНДЕР-Европа 20“. Во рамките на оваа вежба се распоредуваат борбени сили од САД во Европа, а со тоа има и движење на персоналот и опремата низ разни области за овие обуки. Персоналот и опремата со седиште во САД треба да се премести во четири земји, а потоа ќе се распореди во вкупно шест европски земји, процес за кој е потребна поддршка од десетици илјади членови на армијата и цивили на повеќе нации. Планот предвидува дека трупите САД потоа би се рашириле низ целиот регион за да создадат мултинационални бази на средно ниво и да учествуваат во разни годишни вежби. Притоа се напоменува, дека овие американски и европски вежби се изведуваат редовно и се дел од заедничкото сценарио за обука, со координирана команда на мисијата, заеднички став и заедничка комуникација. Според американската армија во Европа, ова е најголемото распоредување на американските сили во Европа во последните 25 години, со единствена цел воени вежби и обуки.

 

Пишува: Блерта Ибрдемај

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција