Дезинформација е дека има изненадување во менувачниците во земјава

Фото: Принтскрин, Порталб

Незначителното намалување или зголемувањето на вредноста на валутите за еден ден, два дена, или за една недела, не е никакво изненадување, како што невистинито се тврди во објавата на Фејсбук и во медиумскиот напис. Истиот е „јадица“ за привлекување кликови која не е соодветна, односно претстaвува дезинформација

Незначителното намалување или зголемувањето на вредноста на валутите за еден ден, два дена, или за една недела, не е никакво изненадување, како што невистинито се тврди во објавата на Фејсбук и во медиумскиот напис. Истиот е „јадица“ за привлекување кликови која не е соодветна, односно претстaвува дезинформација

 

 

Дезинформација е насловот дека има „повторно изненадување во менувачниците во Македонија“ како што сугерира постот на Фејсбук во кој се споделува медиумски напис.

Доколку се отвори текстот објавен на порталот, каде што целосниот наслов на информацијата гласи: „ПОВТОРНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО МЕНУВАЧНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ја курсната листа утрово!“, ќе се види дека не станува збор за никакво изненадување.

Тоа го потврдува и курсната листа (7 октомври) на Народната банка на Северна Македонија, според која средниот курс на еврото изнесува 61.4950, што е незначително помалку од вредноста од 6 октомври, кога е објавен текстот што го рецензираме и кога средниот курс изнесувал 61.4970.

Исто таква незначителна промена што, секако, не е изненадување е и средната вредност на доларот, кој на 7 октомври изнесувал 62.3682 денари, за разлика од 6 октомври кога вредел 62.0242 денари.

Со месеци наназад светот го следи растот на доларот, но тој има и надолни движења, бидејќи пазарот на валутите е нестабилен и предизвикан од војната во Украина, која како последица ја донесе енергетската и, следствено, економската криза која предизвикува промени на вредностите на кошничката валути на финансискиот пазар.

Централните банки, како на пример Јапонија и Јужна Кореја излегуваат со најразлични мерки кои влијаат врз вредноста на валутите, исто како и интервенциите на ОПЕК со намалување на производството на нафта, што исто така влијае на вредноста на валутите.

И Народната банка на С. Македонија спроведува политики за контрола и смирување на инфлациските очекувања, меѓудругото и за да ја задржи стабилноста на курсот на денарот.

Од сето претходно изнесено, оваа рецензија потврдува дека незначителното намалување или зголемувањето на вредноста на валутите за еден ден, два дена, или за една недела, не е никакво изненадување и дека насловот „ПОВТОРНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО МЕНУВАЧНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ја курсната листа утрово!“, е „јадица“ за привлекување кликови која не е соодветна, односно претстaвува дезинформација.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција