Дезинформација е дека осомничениот судија избегал од земјава
Еден ден по објавата што ја рецензираме, Обвинителството соопшти дека за судијата се бара куќен притвор. Тој наспроти изнесеното не избегал.
Еден ден по објавата што ја рецензираме, Обвинителството соопшти дека за судијата се бара куќен притвор. Тој наспроти изнесеното не избегал
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Сејф ситито во старт се покажа како неуспешен проект…Избега и ѓилибтарот и судијата.. Останува да не лови нас за 57 км на час…pa pa
Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд денеска беше извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на сега осомничениот судија, каде соѕидани во простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени. Претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а јавноста ќе биде известена за натамошниот тек на постапката, извести ОЈО ГОКК.
Но, не е точно наведеното во објавата дека „судијата избегал,“ ниту, пак, тоа е поврзано со Сејф Сити, системот за контрола и безбедност во сообраќајот.
Еден ден по објавата што ја рецензираме, истото Обвинителство соопшти дека за судијата се бара куќен притвор. Тој, наспроти изнесеното, не избегал.
Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор. Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар