Дезинформација е дека во Кувајт се измерени 73 Целзиусови степени и дека се топеле автомобили и семафори

Фотографиите од стопените автомобили и семафори немаат никаква врска со Кувајт и со некакви екстремни летни температури. На 7 јули во Кувајт биле измерени 46, а не 73 Целзиусови степени, како што се тврди во постот. Станува збор за лажна вест која се пласира низ годините наназад, а која има за цел да предизвика паника меѓу корисниците на социјалните мрежи

Фотографиите од стопените автомобили и семафори немаат никаква врска со Кувајт и со некакви екстремни летни температури. На 7 јули во Кувајт биле измерени 46, а не 73 Целзиусови степени, како што се тврди во постот. Станува збор за лажна вест која се пласира низ годините наназад, а која има за цел да предизвика паника меѓу корисниците на социјалните мрежи

 

 

Резензираме Фејсбук пост, којшто преку стари фотографии шири невистини дека во Кувајт биле измерени 73 Целзиусови степени, поради што почнале да се топат автомобилите и семафорите. Постот за кратко време стана вирален и е споделен преку 130 пати. Нашата проверка покажа дека фотографиите се „бајати“, некои од нив на интернет се споделуваат од 2013 година.

07.07.2021

Во Кувајт, температурата денес достигна 73 (!) Целзиусови степени, на кои автомобилите почнаа да се топат, се вели во објавата.

Во видеото споделено во постот се прикажани фотографии од растопени автомобили и семафори. Доколку ги пребарате истите фотографии на Гугл, ќе видите дека тие се појавиле во македонските медиуми во 2019 година. Тогаш, според информациите, автомобилите и семафорите во Кувајт се стопиле на температура од 63 Целзиусови степени.

Но, фотографиите немаат никаква врска со Кувајт, а уште помалку со високите летни температури.

Според приказната направена од порталот за проверка на фактите „Сноупс“ во август 2017 година, уличните семафори се стопиле откако се запалил автомобил во нивна близина. Инцидентот се случил во 2013 година, пишува „Тајмсофиндиа“.

Друг извештај на „Сноупс“ од јули 2018 година го разби тврдењето за топење на автомобили во Кувајт и Саудиска Арабија поради екстремната топлина. Автомобилите, наводно, се оштетиле поради пожар на блиското градилиште во Аризона.

Тусон њус нау“ објави дека пожарот избувнал на градилиште во близина на становите на Универзитетот Виста утрото на 19 јуни 2018 година.

Лажна е и информацијата дека во Кувајт на 07.07.2021 година, била измерена температура од 73 Целзиусови степени. Во еден од коментарите под постот, Фејсбук корисник прикачил фотографија од временската прогноза во Кувајт за тој ден на која се гледа дека температурата била 46 Целзиусови степени.

Слична температура покажува и сајтот Акјуведер, кој е еден од најголемите и најпопуларните сајтови за временска прогноза на Интернет.

Од сето ова се заклучува дека фотографиите од стопените автомобили и семафори немаат никаква врска со Кувајт и со некакви екстремни летни температури. Станува збор за дезинформација која се пласира низ годините наназад, а која има за цел да предизвика паника меѓу корисниците на социјалните мрежи.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција