Дфр Лаб: Анонимните Фејсбук страници ги засилија негативните објави пред изборите во Грузија

Фото: Дфр Лаб

Во пресрет на парламентарните избори во Грузија во 2020 година, повеќе анонимни страници на Фејсбук беа вклучени во негативна кампања насочена кон валкање на политичките актери.

Овие страници презедоа координирани кампањи против политичките партии и индивидуалните политичари од двете страни на политичкиот спектар – владејачката партија и опозицијата. Главната цел беше да се манипулира со јавното мислење и да се обликуваат негативните чувства кај гласачите. „ДФР Лаб“ ги спореди активностите на две такви мрежи: едната беше насочена кон опозициските партии, а другата беше насочена кон владејачката партија, Грузиски сон.

Сепак, освен официјалните страници, анонимни страници на Фејсбук, исто така, работат во полза на политичките партии, но врските помеѓу политичките партии и овие страници не се секогаш јасни. Овие анонимни страници спроведуваат негативна кампања, шират дискредитивна политичкa пропаганда. Анализата на „DFRLab“ покажа дека овие страници станаа поактивни во последниот месец пред изборите. Како и да е, предизвик е да се открие какво влијание имаше валканата политичка кампања на изборот на гласачите.

Предизборниот период во Грузија беше проследен со тешка негативна кампања од анонимни извори. Анализата на  ФБ страниците на анти-опозициската и анти-владејачката партија покажа дека зголемената поларизација и наелектризираната политичка атмосфера послужија како плодна почва, овие страници брзо да ја зголемат публиката и стапката на ангажман на Фејсбук пред изборите. Повеќе за оваа анализа на „Дфр Лаб“ може да прочитате тука.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција