ДфрЛаб: Екстремно десничарски канали на „Телеграм“ од Велика Британија дезинформираат за изборите во САД

Транснационалната мрежа на канали на апликацијата „Телеграм“ кои шират дезинформации за изборите во САД во 2020 година, е поврзана со проект за дигитални медиуми со седиште во Велика Британија, познат по својата крајно националистичка и антисемитска содржина, откри истражувањето на DFRLab.

„TRR Media“ во текот на неделата на изборите создаде неколку канали за шифрирани пораки на платформа „Телеграм“, кои служеа како складиште и агрегатори на дезинформации за интегритетот на изборниот процес.

Ова им помогна на вирaлните тврдења за измама на гласачите кои насоцијалните мрежи ги изнесоа десничарски личности, заедниците кои промовираат теории на заговор и американскиот претседател Доналд Трамп. Објавите се проширија на милиони луѓе и резултираа со илјадници нови следбеници на акаунтите на „TRR Media“ на социјалните мрежи.

Претседателот Трамп и неговата администрација се обидоа да посеат сомнеж во резултатите од неодамна завршените избори во САД, иако домашните стручњаци за сајбер безбедност ги нарекоа „најбезбедни избори во американската историја“.

Активностите на „TRR Media“ покажуваат како странските актери на дезинформаци кои сакаат да ги зголемат своите приврзаници, може да поттикнат натамошни политички тензии со искористување на големиот простор за консумирање на дезинформации во САД.  За возврат, настојувањето на администрацијата во заминување да ја задржи својата внатрешна политичка база, може да послужи за легитимирање на екстремистите во странство, создавајќи самоодржлив систем за дезинформации.

Иако, популарноста на апликацијата на „Tелеграм“ во САД не е ни приближно толку висока како апликациите на „Facebook“, „Меssenger“ и „Whatsapp“, таа привлече голем број на корисници од крајната десница. Како што објави „VICE News“ во октомври 2019 година, само таа година биле создадени повеќе од две третини од јавно достапните екстремно десни канали на „Телеграм“. Целиот напис може да го прочитате тука.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција