ДфрЛаб: Слаба онлајн реакција на про-Кремљ медиумите за враќањето на Навални во Русија

Москва, Кремљ Фото: pixabay.com

Медиумите контролирани од Кремљ не успеаја значително да ја засилат  својата дигитална кампања за нарушување на угледот на Алексеј Навални по неговото враќање во Русија. Најголем  критичар на Кремљ, познат по истрагите за корупциските шеми на руската политичка и бизнис елита, кој неодамна објави докази дека Владимир Путин лично го наредил неговото труење во август 2020, пишува во последниот напис на „Дфр Лаб“, што го пренесува „Критинк“.

По труењето на Навални во август 2020 година, медиумите под контрола на Кремљ не започнаа голема информативна кампања против Навални, како што тоа беше во случајот со труењето на Сегеј Скрипал, поранешен руски разузнавач и неговата ќерка Јулија Скрипал во март 2018 година. Во случајот Скрипал, медиумите контролирани од Кремљ излегоа со најмалку пет различни конспиративни теории во врска со тоа кој всушност ги отрул поранешниот двоен агент и неговата ќерка.

По труењето на Навални, англиската верзија на РТ негираше дека е отруен, врз основа на првичните резултати од тестовите на руските лекари во Омск, каде Навални доби прва помош, притоа објаснувајќи зошто Кремљ нема да има корист од обидот за убиство на Навални. Подоцна, РТ цитираше двајца научници кои учествувале во развојот на нерниот отров Новичок, истакнувајќи дека „симптомите на Новичок апсолутно не се слични“ со она што го доживеал Навални.

Недостатокот на силна кампања за валкање на Навални и појавувањето на нов наратив дека неговата сопруга Јулија ќе го заземе неговото место, можеби покажува дека Кремљ сè уште е во потрага по нови комуникациски стратегии. Претходните стратегии за игнорирање на Навални како безначаен блогер и парадоксалниот обид да се нарече таен агент на Кремљ, се чини дека се неефикасни.

Навални се врати во Русија на 17 јануари 2021 година и беше уапсен по пристигнувањето. Тој се вратил од Германија, каде се опорави по неуспешниот обид да биде отруен со супстанца од групата на нервни агенси Новичок, додека бил во Томск, Сибир на 20 август 2020 година. На 19 јануари 2021 година, тимот на Навални објави документарец во кој се разоткрива шемата за корупција за изградба на палатата на Владимир Путин покрај Црното Море. Во првите три дена документарецот собра околу 54 милиони прегледи на YouTube. Документарецот, исто така, ги повика луѓето да излезат на улица на 23 јаунари 2021 година.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција