ДфрЛаб: Веб-страницата „Стоп на каражбата” поврзанa со компанија за дигитален маркетинг на екстремистички активист

Koмпанијата за дигитален маркетинг на конзервативниот активист, Али Александер „Vice and Victory“ е сопственик на веб-страница која ги насочува посетителите на информации за митинзите „Стоп на кражбата“, на кои се оспорува победата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, пишува „ДфрЛаб“.

Александер се истакна на националните протести, неговата компанија има историја на сомнителни практики со податоци, а Александер (кој порано се нарекуваше Али Акбар) одржува врски со екстремистички личности.

Протестите засновани на непоткрепени тврдења за наводна измама и неправилности кои, наводно,  доведоа до изборниот пораз на претседателот Доналд Трамп, се случуваа во континуитет од изборите на 3 ноември. Овие таканаречени митинзи „Стоп на кражбата“, честопати привлекуваа екстремно десни елементи, вклучувајќи милитантни групи, приврзаници на програѓанската војна „Бугалу“, членови на „Горди момчиња“ склони кон насилство, бели националистички активисти и екстремисти водени од теории на заговор.

Целиот напис може да го прочитате на „ДфрЛаб“ .

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција