Дигиталниот идентитет не е подготовка за изгладнување или контрола на луѓето и нивните пари
Тврдењата дека некој создава единствен систем за ограничување на храната или финансиите не се поткрепени со докази.
Не е точно дека воведувањето на дигиталниот идентитет претставува „спремање на глад и контрола врз парите“, како што невистинито се тврди во објавата. Не постои глобален план или систем поткрепен со докази за користење на дигиталниот идентитет за „контрола“ на тоа кој може да купи храна, да пристапи до пари или да живее слободно. Тврдењата дека некој создава единствен систем за ограничување на храната или финансиите не се поткрепени со докази
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Народе свести се, време е. Дигитален идентитет, пари, глад, се ни спремаат.
Не е точно дека воведувањето на дигиталниот идентитет претставува „спремање за глад“ и „контрола врз парите“, како што невистинито се тврди во објавата. Не постои глобален план или систем поткрепен со докази за користење на дигиталниот идентитет за „контрола“ на тоа кој може да купи храна, да пристапи до пари или да живее слободно. Тврдењата дека некој создава единствен систем за ограничување на храната или финансиите не се поткрепени со докази.
Теориите на заговор поврзани со дигиталниот идентитет често го поврзуваат „користењето на дигитален идентитет со контрола кој може да купи храна или да пристапи до пари“. Всушност невистинито се тврди дека луѓето што нема да се согласат да имаат дигитална лична карта таа можело да биде „исклучена“ оставајќи ги луѓето неспособни да купуваат или да јадат. Понекогаш ова е поврзано со тврдења за 15-минутни градови. Но, нема координиран план за користење на дигитални лични карти за изгладнување или контрола на луѓето и нивните пари.
Паричникот за дигитален идентитет (eID) на ЕУ е европскиот одговор на предизвиците за идентификацијата. Тој ќе им овозможи на корисниците пристап до јавни и приватни услуги преку интернет и офлајн, складирање и споделување дигитални документи и креирање обврзувачки потписи.
Услугите од јавниот и приватниот сектор сè повеќе се нудат преку интернет, создавајќи растечка потреба за безбедна дигитална автентикација. Во исто време, заканите за дигиталната приватност станаа очигледни, а луѓето се сè повеќе загрижени за профилирањето и надзорот.
Рамката на ЕУ за дигитален идентитет е одговорот на овој предизвик. Таа се заснова на принципот дека секој секогаш треба да го контролира својот дигитален идентитет. Дигиталните паричници на ЕУ се средство за постигнување на оваа цел. Граѓаните треба да можат да го носат својот дигитален идентитет со себе низ цела ЕУ, движејќи се непречено преку границите без да ја изгубат контролата врз своите податоци, со приватноста и безбедноста во срцето на проектот.
Многу граѓани веќе користат е-паричници на своите мобилни телефони за чување карти за влез во авион и билети кога патуваат, или виртуелни банкарски картички и картички за лојалност кога купуваат. Овие паричници што ги нудат онлајн платформите честопати им даваат на корисниците пристап до разни е-услуги преку нивните профили – од купување продукти до читање вести, но не мора да нудат целосна контрола врз податоците што ги споделуваат кога користат такви услуги.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при промоцијата на дигиталниот паричник во Северна Македонија истакна дека тој ќе биде опција, а не обврска и дека во него граѓаните ќе може да ги имаат сите лични документи на едно место.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар