Дигиталниот идентитет во ЕУ е фундаментално различен од кинескиот кредитен систем

И двата система користат „дигитални податоци,“ па на прв поглед звучат слично, но ЕУ системот не оценува однесување и не доделува поени или казни. ЕУ регулативите (вклучително и Законот за вештачка интелигенција) изрично забрануваат социјално рангирање. Во Кина ризиците се дека има надзор, ограничување на слободите врз основа на „доверливост“, но во ЕУ фокусот е на удобноста, дигиталните услуги и приватноста

И двата система користат „дигитални податоци,“ па на прв поглед звучат слично, но ЕУ системот не оценува однесување и не доделува поени или казни. ЕУ регулативите (вклучително и Законот за вештачка интелигенција) изрично забрануваат социјално рангирање. Во Кина ризиците се дека има надзор, ограничување на слободите врз основа на „доверливост“, но во ЕУ фокусот е на удобноста, дигиталните услуги и приватноста

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

После ова, враќање назад немат.
ЕУ – Дигитална Идентификација до 2026 ! (Ова е крајот на правата и слободите). Земјите-членки ќе им стават на располагање паричници ( Дигитална Идентификација) на секој граѓанин, жител и бизнис до крајот на 2026 година.
Тоа значит дека без Д.И – паричникот, не ке можит да се функционират во системот на државата.
Д.И – паричникот ке значит и комплетна контрола и е последната фаза во креирање на Социјалниот Кредит систем за секој поединец кој ке бидит регулиран од ДРЖАВАТА. Секое спротивно однесување на државниот наратив ке губите кредити и ПРИВИЛЕГИИ.
Накратко, ги губиме правата и слободите како луге. Стануваме личности – граѓани, во соственост на системот.
Ако ова изгледат дистописки или како на блесава теорија на заговор, погледнете го линкот за Кина.
Д.И. со Социјалниот Кредит веке е имплементиран во Кина. China ranks ‘good’ and ‘bad’ citizens with ‘social credit’ system https://www.youtube.com/watch?v=NXyzpMDtpSE&t=124s
Знакот на ЗВЕРОТ. “И ќе направи на сите мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови да им се стави белег на десната рака или нa челата нивни, та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на зверот, или бројот на името негово”.
Линк до – European Digital Identity https://commission.europa.eu/…/european-digital…
Во склоп на објавата се споделува видеоматеријал од „Франс 24“, односно прилог од истоимениот медиум каде се објаснува за кинескиот социјален кредитен систем односно дека Кина ги рангира своите граѓани како „добри“ и „лоши“ граѓани зависно од тоа што пазарат во супермаркетите. Во прилогот се дава пример за жена којашто доколку купи цигари во продавница тоа би ѝ носело лоша репутација и губење поени во кредитниот систем на државата, но доколку пазари пелени во продавница тоа би ѝ сигнализирало на државата дека е „добра мајка“ и би ѝ носело позитивни поени. Системот во Кина исто така ги идентификува тие што се „лоши граѓани“ преку сајтот на кинескиот Врховен суд, а „добрите граѓани“ добиваат попусти на услугите како кино, јавен превоз итн. Во прилогот исто така е прикажан новинар од Кина кој ја критикувал партијата и сега има забрана да патува со јавен превоз, не може да ги запише децата во приватно училиште да учат и се соочува со рестрикции.

Но, дигиталниот идентитет не е „крајот на правата и слободите“. Социјалниот кредитен систем во Кина и ЕУ дигиталниот идентитет се суштински различни по цел, дизајн, функција и вредности.

Социјалниот кредитен систем кој се користи во Кина со текот на времето прерасна во механизам за проценка на „општествената доверливост“. За поединците во Кина постојат различни компоненти – финансиската историја, судските пресуди, неплатените долгови дури и „социјалното однесување“ коешто се опишува во прилогот од објавата. Последиците од нискиот резултат или тоа што некој ќе се најде на „црната листа“ може да вклучуваат ограничувања за патувања, за земање кредити, пристап до одредени услуги и други санкции.

ЕУ дигиталниот идентитет од друга страна е дизајниран како безбеден и стандардизиран систем за дигитална идентификација и автентикација. Граѓаните можат преку него да чуваат и користат дигитални документи (лична карта, возачка дозвола, дипломи итн.) и да пристапуваат до јавни и приватни услуги. Нема една централизирана ЕУ апликација, секоја членка нуди сопствен паричник, според ист стандарден рамковен закон. Целта е контрола којашто ја има корисникот и минимално споделување податоци, со строга заштита на приватноста според ЕУ законите.

И двата системи користат „дигитални податоци,“ па на прв поглед звучат слично, но ЕУ системот не оценува однесување и не доделува поени или казни. ЕУ регулативите (вклучително и Законот за вештачка интелигенција) изрично забрануваат социјално рангирање.

Во Кина ризиците се дека има надзор, ограничување на слободите врз основа на „доверливост“, но во ЕУ фокусот е на удобноста, дигиталните услуги и приватноста. Системот е изграден спротивно од моделот на централизираното општествено оценување.

Кинескиот модел е форма на управување преку процена на однесување и доверливост, а ЕУ дигиталниот идентитет е средство за безбедна дигитална идентификација со поголема контрола за корисникот, а не систем за рангирање или санкционирање.

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, дигиталниот паричник не може да се користи за казнување луѓе или за блокирање на пристап до услуги или производи. Тој не доделува поени или оценки, не може легално да се користи за ограничување на патувања, купувања или услуги.

Поради сите горенаведени факти сметаме дека во објавата се пропушта контекстот. Двата система оној во Кина и тој во ЕУ се сосема различни и по цел и по начин на имплементација. ЕУ дигиталниот идентитет само потврдува кој си — не следи однесување, не собира поени, не казнува и не рангира луѓе. Кинескиот систем го прави токму тоа.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција