Дигитално креирано видео со фудбалерот Халанд се споделува како вистинито

Ерлинг Халанд Фото: Werner100359, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Сите детали во оригиналното видео на @jinlongqiuqiu и пародијата со норвешкиот фудбалер Халанд се исти. Плочките и жицата на ѕидот, храната поставена на послужавникот, дури и пареното манту лепче во раката се исти, само лицето и облеката се заменети.

Нашата проверка покажа дека видеото е дигитално монтирано со програма за замена на лица. Оригиналното видео не го прикажува Халанд, туку кинескиот комичар Џин Лонг како изведува скеч во неговиот препознатлив стил на физичка комедија. Сите детали во оригиналното видео на @jinlongqiuqiu и пародијата со норвешкиот фудбалер Халанд се исти

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Овој Халанд ти е да се згазиш од смеење

Објавата споделува видео на кое се гледа норвешкиот фудбалер, ѕвездата на „Манчестер Сити“ Ерлинг Халанд, како јаде и во еден момент погледнува во огледалото до него и потскокнува како да се исплашил од сопствениот одраз.

Нашата проверка покажа дека видеото е дигитално монтирано со програма за замена на лица. Оригиналното видео не го прикажува Халанд, туку кинескиот комичар Џин Лонг како изведува скеч во неговиот препознатлив стил на физичка комедија. Видеото е објавено на Тик-ток профилот на Лонг на 15 јуни 2026 година.

Изменетото видео беше објавено во објава на социјалната мрежа Икс на на 29 јуни 2026 година. Насловот беше:

Сериозно ќе умрам од смеење на Халанд.

Коментар под објавата сподели клип од оригиналното видео, но без да се наведе изворот.

Оригиналниот профил, @jinlongqiuqiu, е именуван по брачниот пар – Џин Лонг и Чиу Чи – кои водат комични профили на Инстаграм, Фејсбук, Јутјуб и Тик-ток. Во нивните видеа, Лонг игра расеан механичар. Се чини дека видеото е првпат објавено на Тик-ток на 15 јуни 2026 година. Оригиналниот скеч трае 31 секунда.

Сите детали во оригиналното видео на @jinlongqiuqiu и пародијата со Халанд се исти. Плочките и жицата на ѕидот, храната поставена на послужавникот, дури и пареното манту лепче во раката се исти, само лицето и облеката се заменети.

Поради сето ова, заклучуваме дека објавата која ја анализираме е невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција