Дилеми околу изјавите за „тајниот договор“ Косово – Србија

Public Domain

Јавниот дискурс во Косово продолжува да биде полн со информации за постоењето на таен нацрт-договор меѓу Косово и Србија. Иако , сè уште  никој не објавил документ за ова прашање, сомнежи дека таков договорот постои има и од високи функционери. Постоењето на ваков документ е негирано од високи американски и косовски официјални претставници, но дискурсот со обвинувања што започна пред неколку недели сè уште продолжува.

Големиот интерес на Соединетите Американски Држави и Европската Унија да го продолжат дијалогот меѓу Косово и Србија, кој би завршил со меѓусебно признавање, донесе многу магла за тоа каков договор може да произведе овој дијалог.

Додека косовското Собрание минатата недела донесе резолуција со која се обврзува само премиерот да го води дијалогот Косово-Србија, сепак претседателот Тачи е сè уште е во игра со највисоките американски претставници.

Претседателот Хашим Тачи во последните години оствари неколку средби со српскиот претседател Александар Вучиќ, но содржините на овие средби никогаш не беа објавени детално. Многу политички функционери во Косово отворено се сомневаа дека претседателот преговара за размена на територии со српскиот претседател. Од друга страна,  Тачи во повеќе наврати изјави дека е за корекција на границите со Србија, но без да прецизира што точно значи таа корекција. Наводите за таен договор на политичките актери во Косово беа поддржани од странски официјални претставници и дипломати со слични аргументи.

Самиот премиер Албин Курти, пред неколку недели, пред Собранието на Косово изјави дека постои идеја помеѓу Тачи и Вучиќ за договор, во кој тие сакаат и тој да биде вклучен како премиер.

Експертите за американската политика кон балканските земји, повикувајќи се на нивните извори во рамките на Белата куќа, изјавија дека  на неодамнешната средба во Вашингтон  меѓу претседателите Тачи и Вучиќ и луѓето блиски до претседателот Трамп, се разговарало за поделба на Косово.

KALLXO.com ги собра изјавите на луѓето вклучени во овие дискусии за епилог на дијалогот Косово-Србија.

Премиерот Курти, на почетокот на овој месец, на седницата на Собранието, изјави дека постои идеја за договор за територијална размена помеѓу  Тачи и  Вучиќ.

Знам дека имаше идеја дека може да има и договор за територијална размена помеѓу преседателите на двете држави и мене како премиер. Со ова изјавувам пред вас дека сегашниот претседател на Република Косово нема овластување за договор со Србија и второ нема моќ за спроведување за каков било договор што тој може да го замисли. Ова нема да се случи , рече Курти на 2 март во косовското собрание.

Неколку дена подоцна, по Курти изјава даде и американскиот професор Едвард Џозеф, кој изјави дека за поделбата на Косово се разговарало во Вашингтон. Изјавата на професорот Џозеф предизвика реакции во Косово и во САД.

На оваа изјава на американскиот професор Џозеф, реагираа претседателот на Косово, Тачи, и специјалниот претставник на САД за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел, кои ја оценија како  невистинита.

 

Разочарувачки е кога се гледа како некои аналитичари можат лесно да измислат свои планови (размена на територи, поделба, автономија) и да им се припишат на оние кои се обидуваат да направат историски договор помеѓу Косово и Србија. Ширењето лажни планови и вести не помага на процесот , напиша Тачи на 7 март годинава.

Додека специјалниот претставник на САД за дијалогот Косово-Србија, Гренел ја нарече лажна вест.

Лажна вест. Ова никогаш не било дискутирано во мое присуство. Едвард Џoзеф е невнимателен , беше одговорот на амбасадорот Ричард Гренел на Фејсбук.

Дека е можно да има таен договор помеѓу претседателите на Косово и Србија, кажа и советникот на поранешниот премиер Хашим Тачи, Даниел Сервер за емисијата „Живот во Косово“.

Тој во интервју на Скајп рече дека имало дискусии за територијална размена.

Она што го знаеме е од луѓето во Приштина и во Белград и изгледа како размена на територии, договор што би донел членство во ОН за Косово и би му понудил на Здружението на српските општини повеќе од тоа што Уставниот суд го смета доволно. Значи, во однос на тоа колку се блиску страните за постигнување договор, сè уште е сомнително, но Шон и јас мислевме дека има доволно чад, па решивме дека е подобро да се изгасне пожарот порано отколку подоцна , рече Даниел Сервер минатата недела на „Живот во Косово“.

Еден од најгласните против идејата за разменување територии беше поранешниот премиер Рамуш Харадинај. Во интервју за „Топ Чанел“ во Албанија, Харадинај изјави дека има проект за поделба на Косово, но не даде дополнителни детали.

Кога видов каде може да дојде линијата на поделбата, јас бев принуден да го сторам тоа ( воведување на таксата н.з.). Во овој проект за корекција знам до каде е линијата на поделба ( се мисли на териториална размена). Тој проект постоеше. Имаше и мапи , рече Харадинај претходно оваа година во интервју за Топ Чанел.

Дилеми дали таков нацрт договор има во политичкиот свет постојат, без јасен одговор дали изјавите се вистинити или не.

 

Пишува: Таулант Османи

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција