Дина Спировска: Премиерот и министерот за образование немаат право да ја кршат автономијата на Универзитетот

Ниту премиерот ниту министерот за образование и неговиот заменик немаат право да се ставаат над Уставот кршејќи ја автономијата на универзитетот и попречувајќи го правото на образование на граѓаните, порача СДСМ во својот одговор на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Дина Спировска од СДММ.

„СДСМ укажува дека Никола Груевски, Абдулаким Адеми и Спиро Ристовски немаат право да се ставаат над Уставот на Република Македонија. Во членот 44 од Уставот јасно е наведено дека “Секој има право на образование и образованието е достапно на секого“. Во членот 46 од Уставот стои дека “На Универзитетот му се гарантира автономија“. Поради ваквите политики на насилие и кршење на елементарните човекови права од страна на власта на Груевски, Македонија е веќе на листите потценети во Европа“, реагираат од СДСМ.

Dina_Spirovska
Дина Спировска, СДСМ

Образложение:

Членот 44 од Уставот на Република Македонија вели:

Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно

Во Член 46, пак, од Уставот на РМ стои:

На универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.

Професорката Гордана Силјановска вели:

Автономијата не е цел сама за себе ако не ја исполниме преку квалитетно знаење, демократско управување и финансиска самостојност. Во тој случај друг ќе ја окупира, а ние ќе останеме да дискутираме за неа.

Според професорката Елена Градишки-Лазаревска:

Автономијата на универзитетот е содржана во три компоненти: академска слобода, автономија во управувањето со универзитетите и неприкосновеното начело за неповредливост на универизитетскиот простор.

Во член 5 од Статутот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј е набројано:

Универзитетот и единиците ја вршат својата дејност врз принципот на академска автономија, која ја опфаќа и финансиската автономија изразена во:
1. донесување финансиски планови;
2. самостојно управување и располагање со имотот, предметите, паричните средства и другите материјални права за вршење на високообразовната, научноистрачувачката, уметничката и при- менувачката, односно апликативната дејност;
3. самостојно распределување на стекнатите средства;
4. самостојно располагање со средствата што Универзитетот и единиците ги стекнуваат од образовни активности на додип-ломски, постдипломски и докторски студии, вршење образовна, научноистражувачка, стручна дејност и продавање производи на домашни и на странски правни и физички лица, дејности по јавни овластувања, авторски, уметнички и други интелектуални творби, од научноистражувачки проекти, применувачки, однос- но апликативни дејности, од камати, дивиденди, легати, подароци, завештенија, прилози и други остварувања;
5. самостојно одлучување за развој на нови дејности, кои не се финансираат од Буџетот на Република Македонија, а се во функција на развој на високообразовната и научноистражу- вачката дејност;
6. формирањето фондови, фондации, основањето трговски друштва и други организации од сопствени приходи, донации и други извори заради вршење високообразовна, научноистра- жувачка, издавачка и применувачка, односно апликативна дејност;
7. слободно воспоставување контакти и соработка со светот на бизнисот на локално, регионално, национално и меѓународно ниво.

Во член 8 од Статутот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј се вели:

Автономијата на Универзитетот не може да се нарушува и со:
1. неповикано учество во дејноста на Универзитетот и на единиците;
2. извршување високообразовна и друга дејност што ги загрозува правата на членовите на академската заедница насочени кон дискриминација на човекот и граѓанинот, сврзана со полот, расата, бојата на кожата, националната и етничката припад- ност, социјалното потекло, политичкото и верското убедување и припадност, возраста, имотната и општествената положба;
3. политичко и религиозно организирање и дејствување, освен со активности што се остваруваат преку форми со кои се разменуваат идеи и мислења.
Во Законот за високо образование член 11 е нагласено:
Универзитетите и единиците во нивниот состав и самостојните високообразовни установи ја вршат својата дејност врз принципот на академската автономија. Со академската автономија се гарантира интелектуалната слобода на членовите на академската заедница и творечката природа на истражувачкиот и образовниот процес, како врвни вредности и способности. Автономијата на универзитетот вклучува академска слобода, автономија на управувањето и неприкосновеност на автономијата. Високообразовните установи имаат право да покренат постапка пред надлежен суд за заштита на автономијата на универзитетот.

Во член 12 од Законот за високо образование се вели:

Академската слобода опфаќа:
-слобода во научно-истражувачката работа, уметничко создавање, примената и посредување на знаењето,
-самостојно уредување на внатрешната организација и работењето со статут во согласност со закон,
-слобода на изведување на наставата, спроведувањето на научните истражувања, уметничката дејност, односно творештво и применувачка дејност, вклучувајќи ја слободата на објавување и јавно преtставување на научните резултатити и уметничките достигања,
-слобода на студирањето, утврдувањето на правилата на студирање, облиците и видовите на наставно-образовните дејности и на проверката на знаењата на студентите,
-слобода на избор на студиските програми и содржината наодделните предмети, како и подготвување на учебници и други учебни помагала,
-слобода на изборот на методот на интерпретирање на наставните и уметничките содржини,
– утврдување услови и критериуми за студии од прв, втор и трет циклус, како и други видови на образование,
– подготвување, усвојување и остварување на научно-истражувачки програми и применувачка работа,
– доделување стручни, академски и научни звања согласно со закон, како и доделување на почесни академски титули,
– определување услови, критериуми и постапка за избор во наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања и
– избор во наставно-научни, научни, наставни и соработнички звања.

Според Уставот, Законот за високо образование, Статутот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј и излагањата на универзитетските професори се заклучува дека изјавата на Дина Спировска од СДММ е вистинита.

Оценил: Владо Ѓорчев

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција