Дино Мерлин не починал како што тврди објава на Фејсбук

Фото: Принтскрин видео на Фејсбук

Ниту еден медиум од Балканот нема објавено вест за наводната и непостоечка „смрт на Дино Мерлин“. Пејачот деновиве се појавуваше во медиумите. Тој во последната недела се појавил во интервју за два медиума.

Ниту еден медиум од Балканот нема објавено вест за наводната и непостоечка „смрт на Дино Мерлин“. Пејачот деновиве се појавуваше во медиумите. Тој во последната недела се појавил во интервју за два медиума

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео со фотографија од познатиот босански пејач Дино Мерлин и вели:

Тажна вест Денес не напушти најпознатиот пејач Дино Мерлин Погледни во коментар што се десило.

Во коментар под објавата е оставен линк до веста за наводната смрт на Дино Мерлин.

Кога ќе стиснете на линкот тој не ви отвара никаква вест, туку бара од вас да копирате некаков линк за да ви се спушти некој фајл.

Оттука станува јасно дека линкот е создаден како „кликбејт“, позната тактика за намамување на корисниците на социјалните мрежи да кликнат на линк, а од тоа да има бенефит креаторот на лажната содржина со зголемен сообраќај на неговата страница. Кога ќе се кликне на линкот, тој воопшто не води до содржина како таа во насловот, туку води до страница каде се промовираат содржини за возрасна публика, а некогаш линкот води и до страници за трговија.

Ваквите содржини се од сомнителен квалитет и со сомнителна точност. Некои сајтови на интернет ги користат кликбејт насловите за да привлечат што е можно поголем број на кликови на нивниот сајт, зголемувајќи го на ваков начин својот профит од реклами.

Ниту еден медиум од Балканот нема објавено вест за наводната и непостоечка „смрт на Дино Мерлин“. Пејачот деновиве се појавуваше во медиумите.

Тој во видео за регионалниот Медијски сервис објавено пред една недела, сподели спомени од минатото, поврзани со Македонија, и раскажа кое е неговото видување за среќата во животот.

Дино Мерлин на 15 мај бил гостин и во студиото на Кликс.ба каде зборувал за неговиот нов албум.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција