Дипфејк видео ги злоупотребува Тони Михајловски и д-р Владимир Трајковски за промоција на маст против болки
Не е точно наведеното во објавата што ја рецензираме дека „Тони Михајловски им се нафрлил на фармацевти откако тие го забраниле лекувањето на доктор Владимир Трајковски“. Тони Михајловски никогаш не учествувал во скандал од ваков вид ниту пак тоа било пренесувано на телевизија, ниту пак промовира некоја маст „која го спасила од инвалидска количка“. Ниту доктор Трајковски не промовира ваква маст. Се работи за злоупотреба на нивните имиња со цел невистинита промоција на препарат со неетички маркетинг.
Не е точно наведеното во објавата што ја рецензираме дека „Тони Михајловски им се нафрлил на фармацевти откако тие го забраниле лекувањето на доктор Владимир Трајковски“. Михајловски никогаш не учествувал во скандал од ваков вид ниту пак тоа било пренесувано на телевизија, ниту пак промовира некоја маст „која го спасила од инвалидска количка“, ниту, пак, доктор Трајковски промовира ваква маст. Се работи за злоупотреба на нивните имиња со цел невистинита промоција на препарат со неетички маркетинг
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео креирано со вештачка интелигенција, и вели:
Токму за време на обраќањето, претставникот на фармацевтската компанија беше брутално прекинат и јавно наречен „убиец во бел мантил“. Ние први обезбедивме ексклузивно интервју со човекот што се осмели на тоа — само за Вести!
Во видеото злоупотребени се идентитетите на актерот Тони Михајловски и на новинарката Тамара Дичоска, со цел да се создаде невистинита и неверодостојна содржина која што промовира маст против болки во грбот. Сето ова се прави на начин што со помош на вештачка интелигенција, се креира фиктивна содржина којашто треба да „симулира“ вести на добро позната телевизија со национална концесија, со цел да се засили довербата дека „се работи за содржина која е од толкава важност што се нашла дури и во вестите“.
Меѓутоа, никогаш на вести не била презентирана ваква содржина. Таа е креирана со помош на вештачка интелигенција со злоупотреба на кадри од друго известување на Тамара Дичоска на сосема друга тема. Во конкретното фабрикувано видео, злоупотребен е и идентитетот на актерот Тони Михајловски за кого невистинито се тврди со лажна снимка, дека „се нашол во центарот на вниманието на социјалните мрежиу по скандалот пренесуван во живо кој ја потресе цела земја“.
Во моментот на презентирањето на овие невистинити тврдења, на екранот се презентира видеоснимка од тепачка во некоја сала, најверојатно собраниска, но снимката не потекнува од ниедна институција во Северна Македонија и на неа не е актерот Тони Михајловски, што може да се види и од тоа што ликот на снимката е намерно замаглен со компјутерска техника. Уште од првата секунда на видеото од објавата што ја рецензираме е евидентно дека видеото е неверодостојно односно во пределот на главата таа е „додадена“ врз туѓо тело кога се сака да се прикаже наводно спроведување од страна на специјалци на Тони Михајловски.
Не е точно наведеното во објавата што ја рецензираме дека „Тони Михајловски им се нафрлил на фармацевти откако тие го забраниле лекувањето на доктор Владимир Трајковски“. Тони Михајловски никогаш не учествувал во скандал од ваков вид ниту пак тоа било пренесувано на телевизија, ниту пак промовира некоја маст „која го спасила од инвалидска количка“.
Станува збор за дипфејк видео што е лесно видливо, имајќи предвид дека се правени фотомонтажи со Михајловски како наводно е во инвалидска количка, а и јазикот што се користи во видеото е мешавина од македонски и бугарски заедно со текстот.
Во видеото се појавува и наводно интервју на д-р Владимир Трајковски кој зборува за „волшебната“ маст.
Во видеото се злоупотребени видеа од интервјуа на Михајловски и Трајковски во кои тие никако не говорат за никаква маст.
Станува збор за лажна реклама и лажно видео, за што на Фејсбук реагираа и д-р Трајковски и актерот Михајловски.
Почитувани посетители,
Најостро го демантирам лажното видео кое кружи на ФБ, каде актерот Тони Михајловски се повикува на мене дека давам лекови за болки во зглобови, реума и слично. Ве молам НЕ наседнувајте на вакви ЛАЖНИ ВЕСТИ!, пишува д-р Трајковски.
Тој објави и втор демант:
Почитувани пациенти,
Денес, добив дваесетина пораки претежно од непознати луѓе, иако имаше и познати кои сепак наседнале на лажните вести дека јас, имам некоја волшебна маст за дискус хернија, за воспаление на зглобови, за спондилоза и сл. Јас, ве разбирам дека си имате мака, но за жал има болни умови кои заради профит злоупотребуваат туѓи идентитети. Во случајот мојот и на актерот Тони Михајловски. Како доктор и како паталец за спондилоза можам само да Ви го препорачам лекот Уримил или Уримил форте. Од оваа реклама немам никаква финансиска корист! Останете ми во подобро здравје од сегашното!
Злоупотребата на познати лекари со високо реноме и стручност и на јавни личности за да се промовираат во нивно име препарати зад кои тие не стојат, претставува манипулативна невистинита и неетичка пракса се поприсутна на социјалните мрежи, особено со појавата на вештачката интелигенција која се злоупотребува на таков начин.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар