Дипфејк видео искористено за промоција на сомнителна видеоигра
Фудбалерот Кристијано Роналдо нема креирано видеоигра како таа во објавата, а злоупотребен е идентитетот на новинарката и презентерка Славица Арсова, со цел на нечесен начин да се создаде лажен впечаток дека оваа игра била промовирана дури и на вести. Нереалните добивки и манипулативниот невистинит маркетинг треба да биде црвен аларм за граѓаните да не ги оставаат своите лични и банкарски податоци на вакви платформи.
Фудбалерот Кристијано Роналдо нема креирано видеоигра како таа во објавата, а злоупотребен е идентитетот на новинарката и презентерка Славица Арсова, со цел на нечесен начин да се создаде лажен впечаток дека оваа игра била промовирана дури и на вести. Нереалните добивки и манипулативниот невистинит маркетинг треба да биде црвен аларм за граѓаните да не ги оставаат своите лични и банкарски податоци на вакви платформи
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал каде со злоупотреба од кадри од дневник на телевизија со национална концесија, како и со злоупотреба на идентитетот на новинарката и презентерка Славица Арсова, се презентира невистинит и манипулативен маркетинг. Меѓу злоупотребените идентитети со кои што се промовира платформа и се манипулираат граѓаните да уплаќаат парични средства, е и фудбалерот Кристијано Роналдо.
Со употреба на алатки за вештачка интелигенција (ВИ) видеоматеријалот е комбиниран со измислено сценарио, односно зборовите кои што се слушаат не се зборови кои што ги изговорила презентерката Славица Арсова, туку со монтажа невистинито ѝ се атрибуирани. Дополнително, на ниту едни вести, ниту на било која друга информативна програма, не била промовирана порака како онаа во објавата што ја рецензираме:
Кристијано Роналдо и шејховите на последната конференција го претставија новото апликација Чикен Вин со помош на која секој нов играч гарантирано добива 5 хиљади евра и шанса да освои 30 милиони. Првите 48 часа по регистрацијата, шансата за освојување на џек-пот е зголемена за 7 пати.
Станува збор за измислено сценарио додадено како тон со алатки за вештачка интелигенција врз снимка која се однесува на сосема друга тема. Арсова никогаш не рекла дека „Роналдо со шејховите на последната конференција ја претставиле новата апликација Чикен Вин“. Во монтажата се провлекуваат печатни грешки и грешки во родовите, па таква е „го претставија новото апликација“ и „5 хиљади евра“. Овие се знаците дека тонот во видеото е креиран со помош на вештачка интелигенција.
Потоа се споделува и невистинита изјава која му се атрибуира на Кристијано Роналдо кој нема никаква поврзаност со крериање на некаква игра Чикен Вин.
Го креирав Чикен Вин за секој да има шанса за добар живот. Сè што треба да направите е да депонирате 20 евра и ќе добиете загарантиран бонус од 5 илјади евра, се вели во невистинитото видео.
Невистинити се и „позитивните искуства на добитниците“ во играта, тоа се невистинити наводни позитивни искуства од играта чија единствена цел е да се измамат што повеќе граѓани да поверуваат во неа, да ја инсталираат и да депонираат пари и да бидат измамени.
Денес не е невообичаено да се видат познати личности како се појавуваат во реклами со вештачка интелигенција, а Кристијано Роналдо не е исклучок. Овие дигитални монтажи го експлоатираат имиџот на светски познати ѕвезди за да им дадат кредибилитет на разни, понекогаш сомнителни, производи и услуги.
Овој вид рекламирање лесно може да ги доведе во заблуда невнимателните потрошувачи. Самиот Роналдо никогаш не ја промовирал играта „Чикен Роуд“ која се појавува на екранот на видеото, и покрај некои тврдења изнесени на интернет. Затоа е клучно да се потврди автентичноста на изворите на информации за да се избегне каква било забуна.
Секоја реклама која што злоупотребува идентитет на јавни личности, нуди нереални добивки кои се преммногу добри за да бидат вистинити, која што има потреба да користи манипулација за да ја наведе јавноста да ѝ поверува, треба да биде основа за сомнеж на граѓаните да не оставаат свои лични и банкарски податоци на неа.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар