Директорката болна од коронавирус не била на свадба кај Љупчо Николовски

[Рецензија: Паника во СДСМ: Директорката што има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски]

Текстот што е предмет на оваа рецензија тврди дека пациентката со коронавирус, односно директорката на Кожна клиника, била на свадбата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Оваа информација не е точна.

Линк до оригиналниот напис: Паника во СДСМ: Директорката која има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски

Датум и време на објавување: 9 март 2020 14:27

Датум на рецензирање: 9 март 2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

 

Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска, кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот викендов била во друштво на пола СДСМ, кои беа гости на свадбата кај Николовски.

Ова тврдење е невистинито и може да предизвика паника кај лицата кои се споменати како и нивните блиски, познајници, луѓе од јавниот живот или кој било друг што се сретнал со нив од свадбата до денеска.

Намерно или не, во написот се објавени и повеќе фотографии од свадбата за на која се тврди дека присуствувала директорката, како и една фотографија од неа во бел мантил во канцеларијата на Кожна клиника. Лесно е проверливо дали докторката била присутна на свадбата – потребен е еден телефонски повик до генералниот секретар на СДСМ со прашањето дали таа била или не била гостинка на свадбата. Наместо да се прибегне кон овој основен метод на новинарска проверка, се крева дополнителна паника, преку цитирање на видните гости што биле на свадбата, сите политичари и луѓе од јавниот живот. Со која цел се направило ова?

Во членот осум од Кодексот на новинарите се вели дека начинот на информирање во случаи на болести мора да биде ослободен од сензационализам.

Основно новинарско правило е информациите што се објавуваат да се проверуваат во секој можен случај, а особено кога станува збор за вести што може да предизвикаат паника и кои се однесуваат на известување во случај на нечија здравствена состојба што може да предизвика загриженост кај поголем број луѓе.

 

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција