Директорот на „Блекрок“ не рекол дека „целта на депопулацијата е да се замени човечкиот труд со ВИ“
Финк говори за природни процеси на некои држави што имаат опаѓачки или зголемувачки број на жители без да ја наведе причината за тоа. Наспроти изнесеното во објавата, тој не кажува дека „вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка интелигенција“, туку дека државите со опаѓачка популација ќе се ориентираат кон роботика и вештачка интелигенција. Тоа е различно. Значи никој нема намера овие држави да бидат со помал број жители (депопулација) туку тоа природно се случува
Финк говори за природни процеси на некои држави што имаат опаѓачки или зголемувачки број на жители без да ја наведе причината за тоа. Наспроти изнесеното во објавата, тој не кажува дека „вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка интелигенција“, туку дека државите со опаѓачка популација ќе се ориентираат кон роботика и вештачка интелигенција. Тоа е различно. Значи никој нема намера овие држави да бидат со помал број жители (депопулација) туку тоа природно се случува
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува:
15.01.2025Извршниот директор на BlackRock објаснува како вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка интелигенција. Следете го @TRUMPINTEL
Потоа во објавата следува видеото каде директорот на „Блекрок“, Лери Финк зборува на Светскиот економски форум на посебниот состанок за глобална соработка, раст и енергетика одржан во Ријад, Саудиска Арабија во април 2024. Настанот во Ријад ги собра на едно место светските лидери за да зборуваат за глобална соработка и економски развој, транзиција на енергетиката и технолошки прогрес.
Во објавата што ја рецензираме се тврди дека Финк рекол дека „вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка интелигенција“. Ова е невистина.
Како што пишуваат проверувачите на факти на „Лоџикали Фактс“, СЕФ и Блекрок, компанија што специјализира во инвестиции, се чест таргет на невистинити тврдења и теории на заговори.
Во неговите коментари Финк потенцираше дека постојат рапидни промени кои се диктирани од вештачката интелигенција, роботиката и сензорната технологија, предвидувајќи дека развиените држави со силен образовен систем ќе ги надминат оние со раст на популацијата и послабото образование (од 20 минута и 18 секунда до 22 минута и 50 секунда на видеото).
Тој во видеото зборува за земјите чија популација се намалува и како тие би можеле да станат поразвиени.
Вели дека земјите со популација што се намалува рапидно ќе се ориентираат кон роботика, вештачка интелигенција и ако тоа ја трансформира продуктивноста ќе може да се крене стандардот и во земји со популација што се намалува.
Ова не значи дека се спроведува некаква „депопулација“, ниту пак, дека таа е со некаква цел. Финк говори за природни процеси на некои држави што имаат опаѓачки или зголемувачки број на жители без да ја наведе причината за тоа. Наспроти изнесеното во објавата, тој не кажува дека „вистинската цел на депопулацијата е полесно да се замени човечкиот труд со вештачка интелигенција“ туку дека државите со опаѓачка популација ќе се ориентираат кон роботика и вештачка интелигенција. Тоа е различно. Значи никој нема намера овие држави да бидат со помал број жители (депопулација), туку тоа природно се случува. Зборувајќи за оние земји што имаат растечка популација (зголемување) тој вели дека за нив решението ќе биде во доброто образование. Според Финк, оние земји со растечка популација, а немање владеење на право и образование, ќе каскаат.
Во ниту еден момент во неговите коментари Финк директно не ја поврзува депопулацијата со замената на луѓето со машини, пишуваат проверувачите на факти на „Лоџикали Фактс“.
Во видеото тој сугерира дека земјите со популација што се намалува, рапидно се ориентираат кон роботика, вештачка интелигенција и ако тоа ја трансформира продуктивноста ќе можеме да се крене стандардот и во земји со популација што се намалува. Директорот на „Блекрок“ всушност дава свое согледување како во иднина би функционирале оние држави во кои населението расте и оние во кои населението се намалува.
Ставот за негативниот раст на популацијата (намалувањето на популацијата н.з) ќе се смени воведувањето на машини ќе биде полесно во оние држави чие население се намалува. Додека за земјите што имаат популација што се зголемува, одговорот ќе биде образованието, според она кое го изнесува Финк во објавата што ја рецензираме.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар