Директорот на Модерна не признал дека ковид-19 е како сезонскиот грип

Постот невистинито тври дека директорот на Модерна признал дека ковид-19 е како сезонскиот грип. Тој не кажува ниту дека само на ранливите им е потребна вакцина, туку кажува дека и младите може да се вакцинираат против ковид-19 како превенција (прави споредба со превенцијата од разболување која со години ја нуди вакцината против инфлуенца т.е грип). Но, изразува и свое лично мислење дека бројот на оние што секоја година ќе примаат бустер ќе биде сличен со бројот на луѓе што секоја година примаат вакцина против грип. Тој во интервјуто додава дека во моментот според податоците што ги видел, поголем е одзивот за бустер доза кај ковид, отколку оној за вакцина против сезонски грип

Постот невистинито тври дека директорот на Модерна признал дека ковид-19 е како сезонскиот грип. Тој не кажува ниту дека само на ранливите им е потребна вакцина, туку кажува дека и младите може да се вакцинираат против ковид-19 како превенција (прави споредба со превенцијата од разболување која со години ја нуди вакцината против инфлуенца т.е грип). Но, изразува и свое лично мислење дека бројот на оние што секоја година ќе примаат бустер ќе биде сличен со бројот на луѓе што секоја година примаат вакцина против грип. Тој во интервјуто додава дека во моментот според податоците што ги видел, поголем е одзивот за бустер доза кај ковид, отколку оној за вакцина против сезонски грип

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Погледнете! Извршниот директор на Модерна признава дека ковид-19 е како сезонскиот грип, само на ранливите им е потребна вакцина!

Во продолжение на постот објавен е медиумски напис од сајтот Коловрт, во којшто се споделува видео интервју на директорот на Модерна во кое тој не го кажува изнесеното во описот на постот.

Во написот на Коловрт, се тврди дека „во редок момент извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел признал дека ковид е сличен на сезонскиот грип и дека само на постарите луѓе и на имунокомпромираните им е потребна вакцина“.

Во текстот на Коловрт потоа невистинито се цитира Бансел надвор од контекст. Начинот на кој е пренесен цитатот е следниот:

Мислам дека ќе биде како грип. Ако сте 25 годишник, дали ви треба засилувач секоја година ако сте здрави? Можеби ќе сакате но мислам дека ќе е слично на грипот каде ќе бидат луѓе со висок ризик, луѓе постари од 50 години, луѓе со коморбидитети, луѓе со рак и други состојби, трансплантирани пациенти.

Во текстот на Коловрт се додава и дека Бансел рекол оти помладите луѓе ќе мора сами да одлучуваат што сакаат да прават.

Но, Бенесл во видео интервјуто не тврди такво нешто.

Што, всушност, изјави директорот на Модерна?

Погрешно цитираната изјава на директорот на Модерна, потекнува од видео интервју кое може да се погледне на овој линк. Во интервјуто, тој е запрашан:

Дали вакцината против ковид-19 ќе стане бустер кој треба да се прима секоја година долго време, или до крајот на животот и како го поврзувате тоа со фактот што веќе има ниско прифаќање на вакцинирањето со овој бустер?

Терминологијата што се користи при прашањето е COVID-19 Vaccine uptake. Вакцинираност против ковид- 19 (COVID-19 Vaccine uptake) е бројот на луѓе вакцинирани со одредена доза на вакцина во одреден временски период, кој може да биде изразен како апсолутен број или како пропорција од таргетираната популација.

Директорот на Модерна, зборувајќи за оваа вакцинираност со бустер против ковид-19, вели дека таа е повисока отколку за вакцината против сезонски грип. Значи, директорот на Модерна во ниту еден момент во интервјуто не признава дека ковид-19 е како сезонскиот грип, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме, туку тврди дека бустирањето против ковид-19 кај луѓето, според неговото мислење, ќе биде со слична стапка и динамика како и кај вакцината против сезонски грип.

Дали ќе ви треба годишен бустер секоја година, можеби ќе сакате да се заштите да не пропуштате денови на работа ако се разболите. Но мислам дека ќе е слична на грипот (стапката на вакцинација со бустер н.з), вели тој во клипот чија содржина е погрешно пренесена во постот што го рецензираме.

Тој додава дека се вакцинира против грип и самиот со години не зашто е загрижен дека ќе биде хоспитализиран, туку зашто сака да не се разболи и да биде способен да оди на работа.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека директорот на Модерна признал оти ковид-19 е како сезонскиот грип. Тој не кажува ниту дека само на ранливите им е потребна вакцина, туку кажува дека и младите може да се вакцинираат против ковид-19 како превенција (прави споредба со превенцијата од разболување која со години ја нуди вакцината против инфлуенца т.е грип). Но, изразува и свое лично мислење дека бројот на оние што секоја година ќе примаат бустер ќе биде сличен со бројот на луѓе што секоја година примаат вакцина против грип. Тој во интервјуто додава дека во моментот, според податоците што ги видел, поголем е одзивот за бустер доза кај ковид, отколку оној за вакцина против сезонски грип.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција