Кои дезинформациски наративи нè очекуваат наскоро – Disinfo Radar: Watch and Warn

Дезинформациите претставуваат постојан предизвик во Западен Балкан, каде што различни кампањи често се насочени кон клучни настани со цел да ги продлабочат поделбите, да ја поткопаат довербата во демократските институции и да ја разнишаат поддршката за евроатлантската интеграција. Во најновото издание на месечниот билтен „Disinfo Radar: Watch and Warn“, ги издвојуваме некои од очекуваните клучни настани што најверојатно ќе бидат искористени за ширење дезинформациски наративи во Западен Балкан во текот на следните месеци

 

Регион — Очекувани дезинформациски кампањи насочени кон единството на НАТО пред Самитот во Хаг: Самитот на НАТО во 2025 година во Хаг, закажан од 24 до 26 јуни, е идентификуван како клучна точка за дезинформациски кампањи во Западен Балкан. Тековната глобална геополитичка нестабилност, заедно со фактот дека три од шесте земји од Западен Балкан — Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се членки на НАТО, се очекува да бидат искористени како основа за антидемократска пропаганда. Се очекува и оживување на стари наративи, како влечење на регионот во несакани конфликти, особено преку поддршка на Украина или повикување на воздушната кампања на НАТО во Србија во 1990-тите.

Регион — Фудбалски натпревар помеѓу Албанија и Србија (ПОСЕБЕН ИЗВЕШТАЈ): Претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Албанија и Србија на 7 јуни 2025 година во Тирана носи ризик од повторно разгорување на етничките и националните тензии преку насочени дезинформациски кампањи. Со повеќе од 200.000 барања за билети и засилени безбедносни протоколи, натпреварот се одржува во време на повеќедецениска историја на политизирани судири, вклучувајќи го и инцидентот со дрон во 2014 година.

Албанија — Резултатите од изборите веројатно ќе предизвикаат зголемување на дезинформациите: Додека Албанија го чека објавувањето на официјалните резултати од парламентарните избори одржани во мај, расте ризикот од пораст на дезинформации. Опозициската Демократска партија (ДП) освои значително помалку гласови отколку на претходните избори, а двете главни партии шират спротивставени приказни. Опозициската Демократска партија (ДП) ги отфрла резултатите и се очекува да поднесе жалби до Централната изборна комисија (ЦИК), што може да го одложи објавувањето на официјалните резултати.

Босна и Херцеговина — Годишнина од геноцидот во Сребреница: Комеморацијата на геноцидот во Сребреница на 11 јули е идентификувана како клучна точка за засилени дезинформациски напори во Босна и Херцеговина во текот на јуни, особено поради неодамнешното потврдување на резолуцијата на ОН од 2024 година. Очекувањата се дека овие дезинформациски наративи ќе бидат насочени кон изменување и зацврстување на негирањето на геноцидот и величењето на воените злосторства.

Косово — Полициските операции на северот се очекува да предизвикаат зголемување на дезинформации: Операциите на косовската полиција против институциите во северните делови каде што мнозинство се Срби, најверојатно ќе бидат проследени со пораст на дезинформации кои ќе влијаат врз јавниот дискурс. Додека официјално се претставуваат како напори за спроведување на легалниот суверенитет врз структури што работат надвор од уставните рамки на Косово, српските медиуми често ги прикажуваат како етнички мотивирани чистки.

Црна Гора — Насочување кон туристичката сезона во Црна Гора: Додека Црна Гора се подготвува за туристичката сезона, информациската средина во земјата се подготвува за предвидливи дезинформациски кампањи, кои најчесто се очекува да произлезат од српските медиуми. Претходните години се забележани координирани обиди да се прикаже Црна Гора како непријателска дестинација за српските туристи, а истовремено и небезбедна, со тврдења за криминал, високи цени и неправедно постапување на границата.

Северна Македонија — Договорот за стратешко партнерство меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и прашањето со мигрантите: Соопштението за стратешко партнерство меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, објавено за време на самитот на Европската политичка заедница во Тирана, предизвика силен одек во земјата. Дезинформации што го поврзуваат договорот со формирање на „центри за враќање“ на мигранти на македонска територија многу веројатно ќе се појават повторно во јавниот дискурс.

Србија — Растечката криза во животната средина и земјоделството ќе послужи како повод за дезинформациски кампањи: Се очекува новите дезинформациски кампањи да ја искористат кризата во животната средина и земјоделството на три клучни начини: преку потценување или негирање на деградацијата на животната средина, поврзување на еколошките предизвици со странско влијание, особено од ЕУ и преку дискредитација на активистите и научниците кои се залагаат за заштита на животната средина.

Прочитајте повеќе во најновото издание (#6) на месечниот билтен „Disinfo Radar: Watch and Warn“.

Metamorphosis Foundation

Вистиномер | Vërtetmatës

Meta.mk News Agency Portalb

Faktoje

Raskrinkavanje.me Raskrinkavanje

sbunker

International and Security Affairs Centre – ISAC

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција