Дмитриј Зиков, новиот руски амбасадор во С. Македонија бил одликуван од Путин во 2018 г.

Амбасада на РФ во РСМ. Фото: Мета

Станува збор за дипломат од кариера што може да се заклучи и од наградата на Путин, а последната работа му била заменик директор во Вториот eвропски оддел на руското МНР, кој ја опфаќа и Северна Македонија. Досегашниот руски амбасадор Сергеј Баздникин веќе го раководи Историско-документарниот оддел на руското МНР

Станува збор за дипломат од кариера што може да се заклучи и од наградата на Путин, а последната работа му била заменик директор во Вториот eвропски оддел на руското МНР, кој ја опфаќа и Северна Македонија. Досегашниот руски амбасадор Сергеј Баздникин веќе го раководи Историско-документарниот оддел на руското МНР

 

Новиот амбасадор на Руската Федерација во Северна Македонија Дмитриј Константинович Зиков е дипломат од кариера, награден од претседателот Владимир Путин во 2018 година со медалот Орден за „Заслуги за татковината од прв степен“.

Во документот што може да се најде на страниците на руското Министерство за надворешни работи, може да се види дека Зиков е награден „за значаен придонес во спроведувањето на надворешната политика на Руската Федерација и долгогодишна совесна работа“.

Дмитриј Зиков во 2021 г. Фото: скриншот/јутјуб

Зиков беше назначен за „Вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, со Указ на Путин од 25 декември 2025 г.

Според руската агенција ТАСС, досегашниот амбасадор Сергеј Баздникин, кој бил ослободен од должноста на почетокот на декември, по враќањето во Москва започнал да го раководи Историско-документарниот оддел на МНР на РФ и тоа може да се види на веб страна на руското МНР.

Агенцијата додава дека Зиков пред неговото назначување во Скопје беше заменик-директор на Вториот европски оддел на руското Министерство за надворешни работи. 57-годишниот дипломат има ранг на вонреден и ополномоштен амбасадор од прва класа, додава руската агенција.

Вториот европски оддел на руското МНР, каде што Зиков бил заменик директор, ги опфаќа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Кипар, С. Македонија, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

Директорот на овој оддел, Јуриј Пилипсон, пред неколку дена (21.12.) во пошироко интервју за ТАСС изјави дека „единството против нашата земја (Русија -н.з.), е клучна порака во работата на европската бирократија со регионалните престолнини, вклучувајќи го и Скопјe, веќе многу години“.

 

 

.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција