Добро… Зошто?

Aleksandar Kriva Palanka - 0987-098

 

[Рецензија на објавата: ФОТО: Прочитајте како Александар од Крива Паланка и врати на неверната девојка]

 

Несериозна копирана објава, полна со вулгарности на кои не им е место во новинарски текст, па макар и биле во форма на цитат или, во случајов, фотографија. Разговорот е препишан и преведен на македонски од странски блог, со што Александар од Крива Паланка веројатно не постои или воопшто не разговарал со овие зборови.  Објавата не го одговара клучното прашање кое треба да си го постави секој новинар пред да објави информација – па што? Во овој случај: па што ако двајца полемизирале или се расправале на социјалните мрежи? Со сигурност може да се каже дека не се ни први, ниту, пак, последни. Мора ли да се лаже публиката за собирање кликнувања или гледачи?

ФОТО  Прочитајте како Александар од Крива Паланка и врати на неверната девојка   Сител ТелевизијаРецензија на објавата: ФОТО: Прочитајте како Александар од Крива Паланка и врати на неверната девојка

Датум и време на објавување: 23.1.2015 10:11

Датум на рецензирање: 25.1.2015

Рецензент: Александар Пешев

Ех, од сите можни информации во светов и државава, тука имаме лажна презентација со препис и со превод на текст и, најверојатно, измислени личности…. Едно прашање се поставува на прв поглед на објавата – Зошто? Ако целта на „мејнстрим“ мас-медиумите е да понудат информации кои се релевантни за пошироката популација, останува нејасно зошто дискусија меѓу две лица на социјалните мрежи со моменти на вулгарен израз треба да добие простор на интернет-страница на телевизиски канал со национална концесија.

Од параметрите што се употребуваат за анализа на новинарски објави, тука може само да се забележи спорност кај веродостојноста на објавата. Станува збор за целосна копија. Текстот е преведен од странска интернет-страница за потоа, веројатно со употреба на еден од многуте  симулатори, истата да се „прилагоди“ за нашата публика. Видната несериозност за објавата во медиумски простор, каде доминираат примарно информации за политички и економски теми, не создава основа да се коментира дали тука имаме спин и сл.

Ако се прокопа низ социјалните мрежи, може да се најдат многу вакви инстанци на разговори и не мора да се бара во странство или да се измислуваат идентитети. Зошто токму оваа препишана, преведена и во својата основа лажна информација заслужила медиумски простор и не останала на социјалните мрежи или во таблоид, или блог, не се знае.

Во поглед на содржината, имаме глорификување на непримерен дискурс преку насловот, кој како да ја одобрува пресликаната содржина. Одобрувањето на ваквиот непримерен однос се поддржува во лидот:

„Дечкото изгледа многу пател но и одржа добра лекција на девојката…“

Е, браво! Така треба да се комуницира… Нецензурирани вулгарности немаат место во новинарска објава, со што имаме и кршење на член 15 од кодексот на новинари.

15. Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција