Додатокот за лицата со посебни потреби продолжува по автоматизам по 26 -та година
Ќе обезбедиме правото на посебен додаток до 26 година по автоматизам да премине во право на помош и нега од друго лице (што иако е предвидено во Законот за социјална заштита, во пракса не функционира)
[Извор: Изборна програма на СДСМ, (2016), „План за живот во Македонија“ (стр.216); датум: декември 2016]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на СДСМ дадено за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.), дека во првите шест месеци од мандатот ќе се овозможи „правото на посебен додаток до 26 година по автоматизам да премине во право на помош и нега од друго лице “, е исполнето.
Споменатото ветување на социјалдемократите е посочено во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , рамките на „Планот 180 – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 6 месеци“ ( стр.216), а го има и во Програмата за работата на Владата ( 2017-2020 г.) на стр.11
Законските се измени со кои се овозможи лицата со посебни потреби по автоматизам да продолжат да ги остваруваат правата (посебниот додаток и бесплатното лекување) и по навршување на 26 години, беа усвоени во Собранието на 9 ноември 2017 година. Овие измени и дополнување на Законот за заштита на децата, според кои децата со посебни потреби по навршување на 26 години од животот не треба повторно да одат пред лекарски комисии за да им се потврди дијагнозата дека се со попреченост, беа објавени во „Службен весник“ на 14 ноември 2017 година, стапија во сила осум дена подоцна, а нивната примена започна од први јануари 2018 година.
Во април минатата година (2018) министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на прес – конференцијата на која информираше за реализацијата на програмските цели во периодот јуни 2017 – април 2018 година, меѓу другото, кажа дека:
Правото на посебен додаток до 26 година по автоматизам преминува во право на помош и нега од друго лице;
Истото е посочено и во Отчетот за работата на Владата во првата година од нејзиниот мандат (стр.33), презентиран на 30.05.2018 година.
Имајќи ги предвид презентираните информации објавени во медиумите, на официјалните веб-страници на МТСП и на Владата, како и во „Службен весник“, ова изборно ветување на СДСМ го сметаме за исполнето.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на СДСМ: План за живот во Македонија (стр.216) [Пристапено: 27.03.2019]
- Влада на Република Македонија: Програма за работа на Влада(стр.12) [Пристапено: 27.03.2019]
- Влада на Репубилка Македонија: 365 ПРОМЕНИ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ НА СИТЕ ГРАЃАНИ (стр.33) [Пристапено: 27.03.2019]
- МТСП – Службен весник бр.163. (14.11.2017): Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата [Пристапено: 27.03.2019]
- Сакам да кажам (20.06.2017):Лицата со посебни потреби нема да ги губат правата на 26 години [Пристапено: 27.03.2019]
- Макфакс (22.08.2017): Царовска: Ќе се унапредуваат правата на лицата со попреченост [Пристапено: 27.03.2019]
- Академик (22.08.2017): МТСП: Измените во Законот за социјална заштита ќе го унапредат секојдневното живеење на лицата со попреченост [Пристапено: 27.03.2019]
- Сител (11.09.2017): Собранието ги поддржа измените за унапредување на правата на лицата со попреченост и ги даде во второ читање [Пристапено: 27.03.2019]
- МТСП (13.04.2018): Прес конференција на МТСП Царовска: Проблемите ги решаваме трајно преку низа темелни реформи [Пристапено: 27.03.2019]
- Мкафакс (13.04.2018): Царовска: Проблемите ги решаваме трајно преку низа темелни реформи [Пристапено: 27.03.2019]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар