Договорот за справување со пандемии не значи дека СЗО ќе се меша во суверенитетот на државите
Во случај на нова пандемија, Светската здравствена организација (СЗО) подготви меѓународен договор кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји, како и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. СЗО со глобалниот план за пандемија, нема за цел да се меша во суверенитетот на државите, односно ќе „нема капацитет“ да ги принуди земјите-членки да се усогласат со мерките за јавно здравје, туку секоја држава самостојно ќе одлучува за постапките што ќе ги преземе. Договорот е фокусиран на поправедна дистрибуција на вакцини и лекови меѓу посиромашните и побогатите земји
Во случај на нова пандемија, Светската здравствена организација (СЗО) подготви меѓународен договор кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји, како и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. СЗО со глобалниот план за пандемија, нема за цел да се меша во суверенитетот на државите, односно ќе „нема капацитет“ да ги принуди земјите-членки да се усогласат со мерките за јавно здравје, туку секоја држава самостојно ќе одлучува за постапките што ќе ги преземе. Договорот е фокусиран на поправедна дистрибуција на вакцини и лекови меѓу посиромашните и побогатите земји
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Дали ние (жмицко/гога) го потпишавме капитулантскиот договор со сзо? – со кој во случај на некој сомнеж или пандемија, сзо криминалците можат да ги превземат ингеренциите над државата. лани на собранието на он наша гога потпиша сличен капитулантски договор.
Објавата што ја анализираме, изнесува невистини во врска со глобалниот договор за подготвеност за пандемија.
Во случај на нова пандемија, Светската здравствена организација (СЗО) подготви меѓународен договор кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. Во јуни 2023 година, меѓувладиното преговарачко тело на СЗО (ИНБ), се состана за да разговара за предлозите за договор за подготвеност за пандемијата.
Земјите членки на СЗО, вкупно 194, меѓу кои и Северна Македонија, на 20 мај 2025 година, официјално го усвоија првиот глобален договор за пандемии, што претставува историски чекор во јакнењето на меѓународната соработка во областа на јавното здравје, јави новинската агенција Анадолија. Само 11 земји (вклучително Полска, Израел, Италија, Русија, Словачка и Иран) се воздржаа од гласање.
Договорот ги опишува принципите и алатките за обезбедување еднаков пристап до вакцини, третмани и дијагностика за време на здравствени вонредни состојби. Негова цел е да ја зајакне меѓународната координација и да изгради поотпорен глобален здравствен систем.
Договорот, исто така, го потврдува почитувањето на националниот суверенитет, појаснувајќи дека СЗО нема овластување да наметнува внатрешни мерки, како што се карантин или задолжителни вакцини.
Педро Виљареал, експерт за меѓународно право, кој е специјализиран за глобално здравје и улогата на СЗО во Институтот за компаративно јавно право и меѓународно право „Макс Планк“, за ДВ изјавил:
Во актуелниот нацрт на договорот или договорот за подготвеност за пандемија, постои принцип кој нагласува дека државите го задржуваат суверенитетот во превенцијата, подготвеноста и одговорот на пандемијата.
Виљареал додал дека пакетот алатки на СЗО за интервенирање во националните работи е силно ограничен. Наместо тоа, СЗО е меѓународна организација задолжена за координирање на одговорите на појавата на заразни болести.
На пример, ги координира истражувањата за методите на лекување и вакцинирањето и разменува информации со земјите-членки. Може да дава препораки и да ги критикува државите кои не се придржуваат до мерките, но не може да наметнува дополнителни мерки како санкции, пренесе Дојче веле.
Портпаролот на СЗО за Ројтерс изјавил дека има 194 земји-членки на СЗО кои носат „суверени одлуки“ и „улога на СЗО е да ги поддржи овие земји во преземањето активности за заштита и унапредување на здравјето на нивните граѓани“.
Како и со сите меѓународни инструменти, секој договор, ако и кога ќе биде договорен, ќе го одредат самите влади, кои ќе преземат какви било активности додека ги разгледуваат нивните национални закони и прописи, рекол портпаролот на СЗО.
По усвојувањето на договорот за пандемии, следен чекор е негова ратификација од страна на земјите-членки за тој да влезе во сила.
Резолуцијата за Договорот за пандемија на СЗО, усвоена од Светското здравствено собрание, ги утврдува чекорите за подготовка за спроведување на договорот. Таа вклучува започнување процес за изготвување и преговарање за систем за пристап до патогени и споделување на придобивките (PABS) преку Меѓувладина работна група (IGWG). Резултатот од овој процес ќе биде разгледан на Светското здравствено собрание следната година.
Откако Собранието ќе го усвои анексот на PABS, Договорот за пандемија на СЗО ќе биде отворен за потпишување и разгледување на ратификацијата, вклучително и од националните законодавни тела. По 60 ратификации, Договорот ќе стапи во сила.
Значи и покрај постигнатиот договор за идни пандемии, тоа не значи дека со нас ќе управуваат „криминалци од СЗО“ кои ќе ги преземат ингеренциите врз нашата држава, како што се тврди во објавата, туку секоја држава самостојно ќе одлучува за постапките и мерките што ќе ги преземе. Во случај на нова пандемија, Светската здравствена организација (СЗО) подготви меѓународен договор кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји, како и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. СЗО со глобалниот план за пандемија, нема за цел да се меша во суверенитетот на државите, односно ќе „нема капацитет“ да ги принуди земјите-членки да се усогласат со мерките за јавно здравје. Договорот е фокусиран на поправедна дистрибуција на вакцини и лекови меѓу посиромашните и побогатите земји.
Поради сето ова, објавата ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар